И пешаците на удар на полицијата, казнети 246 за недозволено преминување


Пешаци на велосипедска патека

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 9 до 13 часот во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците, санкционирани се 246 пешаци.

Од МВР денеска информираа дека санкционирани се 195 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 за минување на црвено светло…Од нив 51 на територија на СВР Велес, 50 на територија на СВР Тетово, 35 на територија на СВР Скопје…

Истовремено од МВР соопштија дека во текот на вчерашниот ден  изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 35 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 мерка за возач почетник.

– Изречени се 14 мерки за возење без возачка дозвола,  10 санкции за недавање првенство на пешаци, седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање, додаваат од МВР.

Засилените акциски контроли, велат од МВР, дека ќе продолжуваат и наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта