И нудистите мора да носат маски


 

Чешка ги ублажи рестрикциите воведени заради сузбивање на ширењето на корона вирусот, но носењето маски и понатаму е задолжително, а до него мора да се придржуваат и нудистите.

„Граѓаните може да бидат без облека на некои места, но и понатаму мора да ја покриваат устата и да се групираат како што е пропишано“, соопшти полицијата откако неодамна им се пожалиле дека група нудисти без маски се капат во топлата вода во местоот Лажне Бохданеч.

Полицијата затекнала 150 луѓе на плажите од кои само половината носеле маски.

По доаѓањето на полицијата сите се согласиле да стават маски.