И новинарството замолче во Кочани

Македонските медиуми пренесуваа фотографии и текстови од странски известувачи од Кочани. Овдешните новинари главно се самоцензурираа со помош на Владата


 

За најтажниот настан вчера во Македонија граѓаните масовно се информираа од странски медиуми. Имено, цел свет објави фотографии од погребот на педесет загинати, а кај нас повеќето медиуми имаа во најдобар случај некролози како фотографија или имаа – само црна позадина. Практично, се случи срамота, бидејќи загинатите не добија заслужено медиумско покривање во сопствената држава, бидејќи власта и нејзини бројни мегафони ја убедија јавноста дека не треба да се известува од настанот и место на гробишта, новинарите да одат во црква.

Уште повеќе почна и да се води хајка против тие што објавија фотографии од американската новинска агенција Асошиетед pрес, од Ројтерс, АНА-МПА и други , па имаше и смешни ситуации – македонски медиуми да преземаат не само фотографии, туку и текстови од странските медиуми за погребот во Кочани.

До последен момент не се ни објавуваа имињата на загинатите, така што пријателите и роднините на некои мораа сами на социјалните мрежи да кажат дека биле херои тој ден, бидејќи стана „неетички“ и „непрофесионално“ да се известува за мртви, да се пишува наводно „сензационалистички“ и слични политички пропаганди, што создаде невиден притисок досега врз медиумите да не го прават тоа што го правеле цела кариера (да известуваат од важен настан).  Повеќето решија да замолчат. 

Таа лажна вина што се фрли врз медиумите, освен што беше намерен дефокус, беше на штета и на загинатите за чија правда сите повикуваат и на штета на стандардите за известување, па и прв успешен обид на власта да воспостави цензура на известувањата.

Испадна дека за новинарите во Македонија треба да важат стандарди што не важат за сите медиуми во светот. Бидејќи далеку од умот е дека новинарите на Ројтерс, на АП, на Ал Џезира, на Би-Би-Си и на други светски медиумски имиња не знаат што се професионални стандарди и не знаат како се известува од погреби. Очигледно, амбициите на владата да биде главен уредник на медиумите успеја само кај нас, бидејки странските екипи изјавуваа дека – вакво нешто не виделе и известуваа вообичаено од настанот.

И, што е следното? Да ни кажат дали е морално и етички да се известува од протестите? Да ни кажат дали е морално и етички да се зборува со родители на загинатите? Дали е морално и етички да им се објавуваат фотографите на загинатите за кои едвај нешто знаеме и останаа анонимни повеќето, освен оние што се премногу познати во јавноста па и не може да не се знаат? 

Некои таквите притисоци ги нарекоа морализирање од Владата или спин кој доведе до тоа и новинари да објавуваат списоци и да повикуваат – да се казнува Ројтерс?  Зошто? За да известува според потребите на Владата која има амбиција да создаде нови „професионални“ медиумски стандарди што не се европски.

Бидејќи, ова не е прв погреб од кон известуваат македонските медиуми, па да не знаат како. Бидејќи известувањето од погреби е дел од професионалната одговорност на медиумите. Бидејќи сите медиуми во светот го прават тоа и новинарите во Македонија досега непречено известуваа од вакви настани. Бидејќи, да не е така, во Украина секој ден ќе објавуваа празни страници на медиумите, никој немаше да ги знае размерите на трагедијата и никој немаше да ја сфати мизеријата на војната.

Најлесен начин да се покаже сепак дека ова вчера беше медиумски преседан и цензура е преку фотографиите. (Н.В.)

Еве како се известуваше од големи несреќи во Македонија досега:

Погребот на загинатите во несреќата на Беса Транс

Погребот на загинатите пилоти во хеликоптерската несреќа

Погребот на Тоше Проевски 

 

Од погребот на загинатите во несреќата на „Дурмо турс“

Погреб на Киро Глигоров

Погребот на владиката Тимотеј

Еве како се известува во светот од погреби: 

Погреб на загинат војник во УкраинаПогреб на убиена новинарка во Бугарија

 

Погреб на загинатите од железничката несреќа во Темпи, Грција

Масовен погреб на жртвите од Сребреница

А, еве како известуваа странските професионални медиуми за Кочани:

Фотографии на Асошиетед прес

Фотографија на Би-Би-Си