И натаму стабилно време со ниски утрински температури


Фото: Б. Грданоски

 Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.