И натаму горат „Јасен“ и Јажинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до утринава во 9 часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор.Од нив, два пожари сè уште се активни, додека 12 се локализирани и изгаснати.
Активни пожари има во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што гори мешана шума.Во општина Јегуновце, помеѓу селата Рогачево и Јажинце, зафатени се пасишта.
Меѓу 12-те изгаснати се пожарите во Куманово (с. Пчиња и с. Четрице), Радовиш (нас. Раклиш), Долнени (помеѓу с. Лажани и с. Средорек), Велес (Ногаевци – Убого), Неготино (с. Корешница), Делчево (с. Стамер), Босилово (с. Радово), Валандово (с. Пирава), Струга (с. Долна Белица), Македонски Брод (с. Девич – Грешница), Шуто Оризари (нас. Визбегово).
Од ЦУК велат дека екипите остануваат на терен и ги следат состојбите за да се спречи евентуална повторна активација на пожарите.