И Мицковски со нови теории, насилниците од 27 април биле „емотивци“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју на МРТВ изјави дека не се смета за соучесник во процесот што кулминираше на 27 април. Според него, Македонија е единствената НАТО-држава и кандидат за членка во ЕУ со 35 терористи.

„Ако мене ми го поставите прашањето како што доликува е тоа дали овие луѓе беа испровоцирани и емотивно изреагираа, одговорот мој ќе биде – да, беа испровоцирани и емотивно изреагираа. Дали влегоа  во Парламентот, а не требаше, мојот одговор е – да. Дали имаше насилство – да и не го оправдувам насилството. И по стоти пат ќе го кажам тоа, но дали треба да одговараат за тероризам, одговорот е – не“, рече Мицкоски.