И Гази Баба субвенционира возачки дозволи


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека младите од општината добиваат 10.000 денари за полагање возачки испит

Во објавата на Фејсбук, Стефковски информираше дека е објавен Јавен повик за субвенционирање на младите за полагање на возачки испит – конкретна мерка, за која вели дека е реална поддршка со јасна порака дека младите се нивен приоритет.

Кој може да аплицира?

– Млади од 18 до 25 години;

– Жители на Општина Гази Баба;

– Поднесено барање во Архивата на Општината;

– Уплата во регистрирана авто школа.

 Потребна документација:

– Копија од лична карта;

– Копија од трансакциска сметка;

– Доказ за извршена уплата (оригинал);

– Тековна состојба на авто школата (не постара од 2 месеци);

Градоначалникот на Гази Баба вели дека ова го прават затоа што веруваат во младите и затоа што нивната мобилност значи повеќе можности, повеќе самостојност и посигурна иднина.

„Аплицирај. Искористи ја можноста. Твојата иднина тргнува од тука“, порача Стефковски.

Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za…/…