И Бени Шаќири ќе пее за дочекот на Новата 2022 во Скопје

Град Скопје денеска ја објави програмата за вечерашниот пречек на Новата година на плоштадот Македонија. За разлика од првичната најава, сега во програмата го има и Бени Шаќири кој ќе настапи од 22:30 до 23:30 часот.
Бени, односно Арбен Шакири, беше кандидат за градоначалник на Град Скопје, но во вториот круг продолжија само Данела Арсовска и Петре Шилегов.
-Скопјани, вечерва од 20:30 часот дојдете на плоштадот „Македонија“ и се македонски изведувачи дочекајте ја Новата 2022 година на плоштадот „Македонија“. Вечерашната забава се организира со помош на три општествено одговорни компании, кои во време на голема економска и енергетска криза помогнаа скопјани да имаат можност на плоштадот да ја дочекаат Новата година, порачаа од Град Скопје.
Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година.
Со тоа, новата програма изгледа вака:
20:30-21:30 – Пука Козметика
21:30-22:30 – ДНК
22:30-23:30 – Бени и Нон Стоп
23:30-00:30 – Нокаут
00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова