И Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар, позитивен на Ковид-19


Откако денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, соопшти дека е позитивна на Ковид-19, вечерва и првиот човек на Општина Гостивар, Арбен Таравари, на својот Фејсбук профил напиша дека е инфициран со корона вирусот.

„Штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот Ковид-19. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во оваа игра, никој не може да се заштити сам… со тоа што не ги спроведуваме анти-ковид мерките, своеволно се претвараме во оружје еден против друг. Јас ќе бидам под силен надзор од страна на лекарите и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се“, напиша Таравари на неговиот Фејсбук-профил.