Хуманитарна акција „Заедно против гладот“, поставени 11 собирни пунктови во Скопје


По повод 16 октомври – Светскиот ден посветен на гладот, Хуманитарната организација „Свети Спас” денеска започнува акција за собирање храна и хигиенски средства наречена „Заедно против гладот“, со цел да се соберат храна и хигиенски средства кои ќе бидат поделени на оние на кои им се најпотребни.

– Ден посветен на гладните, на оние семејства кои едвај имаат еден оброк во денот, ден на гладните деца и семејства кои легнуваат и стануваат гладни зошто немаат што да јадат. Сведоци сме на секојневното поскапување на храната, струјата, на основните средства за живот и на зголемената сиромаштија која секој ден е се поголема и поголема, велат од Хуманитарна организација „Свети Спас”.

Во Скопје денеска ќе има поставено 11 собирни пунктови и тоа:

– СУПЕРТИНЕКС – ПРВОМАЈСКА од 12.00 часот до 20.00 часот

– ВЕРО ЏАМБО од 12.00 часот до 20.00 часот

– ВЕРО – НАС. АЕРОДРОМ од 12.00 часот до 20.00 часот

– ЗУР МАРКЕТ – НАС. ДРАЧЕВО (стара последна 41) од 08.30 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. ДРАЧЕВО од 14.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. АВТОКОМАНДА

– ВЕРО -: НАС. ТАФТАЛИЏЕ

– ЗУР МАРКЕТ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (СП Планет)

од 12.00 часот до 20.00 часот

– ДИМ МАРКЕТ – С. СТАЈКОВЦИ од 12.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. ИЛИНДЕН од 12.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. БУТЕЛ од 12.00 часот до 20.00 часот

– Магацинот на организацијата од 10.00 часот до 20.00 часот

Од Хуманитарна организација „Свети Спас” ги покануваат сите, индивидуалци и фирми, роднини, пријатели, работодавачи да земат учество и заедно, како што подвлекуваат, против гладот да купиме храна и да донираме на некој од 11 пунктови со цел да помогнеме во искоренувањето на гладот во државата.