Хрватските тенисери во Токио направија нешто што не се случило 113 години


Прв пат од 1908 година во финалето на олимпискиот турнир на машки тениски двојки ќе играат тенисери од иста земја. Имено, Хрватите Марин Чикиќ и Иван Додиг, ќе играат против Никола Мектиќ и Мате Павиќ.

Чилиќ и Додиг, кои ретко играат двојки, до финалето стигнаа по победата над Јапонците, Американците, Британцијте и Новозеланѓаните.

Мектиќ и Павиќ пак, ги победија Бразилците, Италијанците, Јапонците и Американците.

Финале во машки двојки во тенис да играат тенисери од иста земја се случило само два пати. Прв пат во 1904 година кога на целиот турнир играле само американски двојки и втор пат четири години подоцна, кога Британците ги освоија сите медали, во конкуренција од осум земји. Овој спорт не се играше од 1924 до 1988 година на Летните олимписки игри.