Хрватски пожарникар 20 часа бил на терен, па добил казна за паркирање


 

Еден пожарникар добил казна за погрешно паркирање, додека бил на гасење пожар во Шибеник, Хрватска, пренесоа тамошните медиуми.

Ова го објавија пожарникарите на својата фејсбук страница.

Тврдат дека имал истакната службена ознака на ветробранското стакло, а паркирал пред пожарната во Билице.

„Никогаш крај на благодарноста, па така се заблагодаруваме на ПУ на Шибенско-книнската жупанија која залепи казна на нашиот возач Еди Микуландра, кој 20 часа беше на гасење пожар и паркирал на парапетот (ѕидна ограда) пред пожарната. Покрај тоа имал и службена ознака на ветробранското стакло „Пожарникари 193“ и ни го попречи нашиот пристап. Ви благодариме од срце, господа“, напишаа пожарникарите.

Тие се заблагодарија и на минувачот кој го фортографирал возилото и го пратил до полицијата.