Хрватска со речиси 6.500 новозаразени, 53 починаа


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 6.449 нови случаи на инфекција со корона вирусот, со што бројот на активни случаи во таа држава денеска изнесува вкупно 39.846.

Од нив, 2.086 пациенти се во болница, од кои 251 се на респиратор. Починале 53 лица, пренесува Индекс.

Да потсетиме, вчера беше соборен рекордот со дури 66 лица кои починаа како последица на вирусот.