Христо Кондовски ќе го тужи Александар Николовски за големите навреди


Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола прво беше навредуван од Христијан Мицкоски, а сега од потпретседателот на партијата, Николоски

 

БИТОЛА – Навредите ја преминаа границата. Така мисли Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за Битола, најави тужба за клеветите и навредите изречени од  Александар Николоски, потпретседател на ВМРО- ДПМНЕ. Кампањата што Николоски ја води спрема мене го достигна политичкото дното, смета Кондовски. Но бидејќи за него било несвојствено да возвраќа со политички некоректна реторика, тој се решил да тужи.

„Мене ме чуди зошто ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво, се занимава со мене. Веројатно сум одзел како позитивна личност многу внимание. Јас ќе продолжам со својата позитивна кампања, а оној дел што е за нападите и навредливите зборови ќе го регулираме преку правните механизми. Правниците ќе поднесат тужба“, рече Кондовски денеска во Битола.  

Вчера од Радовиш одговарајќи на новинарско прашање. Александар Николоски рече дека „Христо Кондовски е најголемиот бандит воопшто кандидиран за градоначалник каде било низ Македонија. Како што од Струмица прават Заевград, сакаат од Битола да направат Стентонград, но тоа нема да им успее“.

Кондовски за цело време од почетокот на изборите води позитивна кампања, исклучиво со промоција на својата програма и проектите за Битола. Иако во неделата тој беше директно нападнат и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој дојде во Битола да отвора партиска канцеларија, ама не пропушти да упати навреди и обвинувања кон Кондовски.

Кондовски не му возврати на Мицкоски, на новинарско прашање тој рече дека „ќе продолжам со позитивна кампања, убеден сум дека граѓаните сакаат да видат една позитивна атмосфера, да ја видат енергијата и ефикасноста на идниот градоначалник. Кампањата да биде лице на тоа како градоначалникот ќе ја води општинската администрација, самата општината, градот и селата“, рече Кондовски.

Кондовски е мета на напади, лични дисквалификации и професионално деградирање секојдневно од политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ во Битола.  Како се ближат изборите тие се обидуваат да го деградираат и лично и професионално на секој можен начин.

Досега Кондовски со ниту еден збор или потег не возврати ниту на една навреда или клевета кон политичките опоненти. (А.Б.)