Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ден за ден се прашувате како да дојдете до саканата среќа и љубов: тајната лежи во тоа да им дозволите тие самите да влезат во вашиот живот, а не да ги форсирате работите да се случат онака како што сте замислиле вие. Така ќе си ставите уште само една тешкотија на плеќите и нема да направите ништо. Бидете меки и нежни, трпеливо бирајќи зборови.

БИК: Ова е период кога вашата креативна енергија е во подем, но ќе треба да бидете истрајни за да ги соберете плодовите на својот напор: прашајте се што сакаат другите и што ги мотивира, а потоа лесно ќе го добиете она што ви треба. Пројавете интерес кон околината и не отфрлајте ја започнатата работа: изјавете им на блиските колку всушност ги сакате.

БЛИЗНАЦИ: Најважно е да се запрашате дали ги живеете вашите интимни мечти или им удоволувате на туѓите потреби, одговарајќи им на нивните барања: не правејќи ништо во тој поглед и самите си чините зло. Време е да се разиграте и да се опуштите, особено ако досега ви беше тешко: животот не е натпревар, туку разумен след на околностите. Бидете мудри.

РАК: Во хармонија со надворешниот свет, уживате во безграничен потенцијал на можности: не постои граница и ѝ нема крај на вашата среќа! Ако нешто пак не се случува онака како што сте си замислиле, опуштете се и смислете ново сценарио, не брзајќи да дадете одговор. Не претпоставувајте како ќе се одвива викендот – навикнете се на новите услови.

ЛАВ: Колку и да е топло надвор, кај вас се чини дека дошла зимата: кај секој човек може да дојде до ваква ситуација, но ако погледнете позитивно на работите, би можеле да научите нови работи за себе и да се искачите на ново ниво. Координирајте ги своите намери и дајте си простор за маневрирање: кажете си дека што и да се случува, сѐ е како што треба!

ДЕВИЦА: Откажете се од замислата дека треба да бидете како другите: тоа може да предизвика незадоволство и анксиозност. Запрашајте се добро кои сте и прифатете се со сите маани и доблести: вие сте уникатно битие во оваа креација и заслужувате да бидете среќни. Не очекувајте ништо од останатите и ќе ги надминете комплексните ситуации со достоинство.

ВАГА: Конечно ја гледате пошироката слика на реалноста: како орел високо искачен над облаците, знаете каде лежи вашата цел. Ако она што го работите ве радува, тогаш сте на вистинскиот пат: сѐ друго останува нечија туѓа слика и проекција за вас. Слушнете го шепотот на сопствената душа и бидете благородни: вашата интуиција ќе ви ги даде вистинските одговори.

СКОРПИЈА: Започнување на проект, кој што е на некој начин поврзан со минатото: сега условите се поинакви и учите нови правила на играта. Крупни одлуки поврзани со важни животни прашања, при што треба да останете непристрасни: заборавете дека имате информации за овие теми и ќе научите нешто ново: на мудар начин ќе ги избегнете опасностите.

СТРЕЛЕЦ: Последните четири месеци се соочувате со чудни пресврти во животот: можеби бевте под притисок да превземете екстра одговорности на својот грб и да направите своеводни жртви. Сега сте веќе изморени и сфаќате дека постојат универзални правила кои што важат за сите: не брзајте пред мудрите, ниту фаќајте работа со будалите. Пресвртна точка.

ЈАРЕЦ: Научете да ги љубите луѓето, да ја почитувате вистината и да имате чувство за правда, но не како нешто што ви е наметнато, туку како вистинска реализација на вашето срце. Не влегувајте во полемики и не правете сцени: покажете дека знаете да бидете флексибилни и меки. Одложете го одговорот на некое прашање и одморете се. Бидете добронамерни.

ВОДОЛИЈА: Оној што постапува нечесно, ги руши правилата на човечката заедница: сѐуште се чудите и не можете да се снајдете со мистериозните случувања околу себе. Не потпирајте се на логиката, бидејќи таа не може да ви одговори на сѐ: откријте ги одговорите што ви ги праќа вашата душа и соочете се со своите стравови. Оставете го минатото зад себе!

РИБИ: Грдите факти ги убиваат убавите теории: понесени на некој бран од својата интуиција, внимавајте како ќе се покажете пред светот. Постојат личности кои што може да ви помогнат да ја стекнете саканата финансиска стабилност: бидете практични и покажете ја својата компетентност. Радувајте се на секој миг од животот и заврете им грб на лошите навики.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]