Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов
ОВЕН: Можни се потешкотии, но ќе ги надминете со голема доза на храброст: освојувајте го својот личен суверенитет чекот по чекор и бидете спремни за борба. Прашајте се добро дали вреди да бидете сами или да уживате во некое убаво друштво. Не ги повторувајте старите работи, туку фокусирајте се на вистината. Нови предизвици.
БИК: Цврсто втемелени во својата вистина, уживате во друштвото на оние кои што ги сметате за семејство: зрачите со љубов и покрај повредите нанесени на вашето срце. Постојани и посветени на некоја повисока цел, го надминувате стравот и го следите сопствениот ритам. Вашите соништа се вивидни и зборувате со сите ликови во нив. Опуштете се сега.
БЛИЗНАЦИ: Може да ја ретуширате својата слика колку сакате, но дуалната природа ќе најде начин да се покаже: лагата секогаш излегува на виделина. Сепак, најдете време да се одморите и добро да ги осмислите следните чекори и ќе бидете сведоци на прекрасни случки. Обидете се да застанете на своите нозе и да не зависите од никој. Патување.
РАК: Спремни сте да се издигнете и да постигнете слава: Месечината во Лав ви носи богатство, кое што е само инструмент со кој што ќе го постигнете саканото. Освестете се на време и внимавајте на можната непромисленост: не се им се препуштајте на сетилата, туку верувајте повеќе и сакајте ги блиските. Бидете праведни и без гордост.
ЛАВ: Не го анализирајте минатото, туку земете гумичка и молив и напишете поубаво сценарио: велат дека најсовршениот човек не е оној кој што има најмногу доблести, туку најмалку пороци. Така ќе дојдете до вистинска реализација и среќа и ќе допишете убави страници во својата лична книга. Време е за прослава и удобност. Љубов.
ДЕВИЦА: Храбри и организирани, успеавте да ги надминете противниците користејќи ја својата логика како најсилно оружје. Застанете за момент и оставете нешто и за утре: време е да ја регенерирате сопствената сила. Средба со личност која што е волна да инвестира во вас и со која што ќе отпочнете многу нови потфати. Послушајте ги советите на саканите.
ВАГА: По малку напорен период, но може да се потпрете на своите пријатели: велат дека пријателството е една душа во две тела и на тој начин го разбирате животот на подлабоко ниво. Радикални промени во животниот стил и соочување со неизбежното: убави совети, кои што ќе ве научат како да штедите. Бидете силни и верувајте во себе!
СКОРПИЈА: Не секој е вистински пријател: старите пријателства полека се менуваат, а на новите им е потребно време. Вложете малку повеќе љубов и средства и ќе научите дека имате ресурси да се борите со предрасудите: туѓите и сопствените. Така ќе успеете да си го вратите животот назад, како и силата и виталноста. Бидете искрени и љубезни.
СТРЕЛЕЦ: Ова е исклучително важен период: ретко кој има високо развиена свест и работи со чисти мотиви. Можни се авантури, како и силни емоции, но важно е да останете непристрасни и така да ја сочувате сопствената чистина. Останете верни на своите уверувања, дури и кога условите ќе се тешки и бидете истрајни и трпеливи. Нови совети.
ЈАРЕЦ: Ја разбирате својата вечна природа во овој непостојан свет и имате тајни ресурси со кои што динамично ќе појдете кон целта: како воин кој што го прочистува незнаењето! Наградата е нешто многу повредно од злато, а тоа е разбирањето на сопственото место во светот: така доаѓате до меѓусебно корисни договори. Романса.
ВОДОЛИЈА: Обидот да ја одржите својата личност во светот е нестабилен: редно е да се соочите со последиците на некои погрешно направени инвестиции. Најстрашно ќе биде ако во своето срце не најдете сомилост, а барате правда. Сепак, вреди да вложите поголем труд и она што ќе ви се врати, ќе може да го наречете среќа. Ново друштво.
РИБИ: Се чини дека никако не можете да излезете од волшебниот круг на груби зборови: што ако се осамувате, ако самите себе си не сте си добро друштво? Прашајте се добро која е природата на животот и бидете решителни да се износите со тешкотијата и неуспесите. Малиот тиран од детството мора да порасне и да ја надмине лутината.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ