Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Принудени да се соочите со несигурни услови, внимавајте како ќе се поставите кон барањата на судбината: одговарајќи потврдно нема да ви донесе слава и ќе треба да размислите како да ја прочистите сликата за себе. Ова не е ден за шпекулации, бидејќи може да погрешите: препуштете им се на повисоките сили и верувајте повеќе. Бидете прецизни и јасни.

БИК:
Се чувствувате блажено, бидејќи уживате во својата работа: иницијативни, храбри и со добро чувство за дипломатија и љубезност. Ваквото однесување ќе ви донесе слава меѓу пријателите, но и професионалните партнери и ќе ги послушате дискретните совети од страна на надредените. Дајте го најдоброто од себе, без да претерувате. Синхроницитети.

БЛИЗНАЦИ:
Како да сте замрзнати на едно место и не можете да појдете напред, ниту назад: се прашувате како минатото влијае врз сегашните случувања и сфаќате дека железниот синџир и свилениот гајтан се еднакви окови. Вардете го текот на своите мисли, не мислејќи дека можете да ги излажете другите: тоа е вистински начин да се излажете самите себе. Нагли промени.

РАК:
Ако сакате да постигнете вистинска слобода, ќе треба да го оставите болното минато зад себе: слободен е оној што нема желби и не се плаши од ништо. Вашите пријатели се покрај вас и ќе ви помогнат да се соочите со непознатото: контролирајте ги сетилата и ќе се исцелите. Одлучете што треба да си замине од вашиот живот сега и бидете праведни.

ЛАВ:
Погледнете ја достоинствено другата личност и како еднаква на себе, внимавајќи да не ја искористите за себични цели: ова е критичен момент и постои тенденција за екстремни реакции. Правење нови договори или кршење на старите: од правта ќе излезе нова стратегија и ќе треба да воспоставите нови пријателски односи.

ДЕВИЦА:
Постојат луѓе што не можат да живеат без да ги гледаат другите од височина: кога би знаеле подобро, би се коригирале самите себеси. Се соочувате со латентна хипокризија и ќе треба да бидете директни за да ги расчистите овие односи: вашите проекти се во критична фаза и треба трпеливо да ги вратите работите во нормала. Успех.

ВАГА:
Неактивноста почнува да ви пречи и причинува тешкотии: ќе се обидете да дојдете до договор или партнерство, со кое ќе работите како тим. Во последен час ќе постигнете договор, кој ќе биде најинтересен од досегашните. Бидете весели, бидејќи конечно ќе ги остварите своите цели: внимавајте на говорот и бидете трпеливи.

СКОРПИЈА:
Дури и ако се соочувате со тешкотии, најдете начин да се насмеете, инсистирајќи на својата слобода и сочувство: можеби во себе криете некоја длабока болка или сте загрижени за нешто, но сега е време да ги послушате советите на саканите и да продолжите понатаму. Надминете ја туѓата нечесност, потпирајќи се на своето искуство и моќ.

СТРЕЛЕЦ:
Завртете се кон своите богати и длабоки ресурси, за да дојдете до вистинската интимност: прочепкајте ја површината и ќе дојдете до вистинските одговори. Ќе останете мудри, додека сè околу вас тропка со оружје: соочување со лаги од страна на некоја подредена личност. Ако сметате дека е праведно, завртете грб и заминете си во свој правец. Останете мирни.

ЈАРЕЦ:
Бидете претпазливи и коригирајте ја импулсивноста, бидејќи сте склони да направите грешки: не инсистирајте на својата верзија на настаните и не војувајте против сите. Делата го говорат спротивното. Покорете се на барањата на судбината, радувајќи се на убавите романтични шанси: имајќи возвишени чувства, ќе најдете начин да се смените.

ВОДОЛИЈА:
Фокусирајте го своето внимание на претходните искуства и научете дека сите гледаат сè: едните гледаат едно, додека пак другите гледаат нешто сосема друго. Погледнете ги мравките како работат и угледајте се на нив: бидете вредни и играјте тимски, бидејќи само така ќе се развивате правилно. Смирете ги страстите и ослободете се од минатото.

РИБИ:
Разберете ги пораките упатени до вас: дали сте искрено разиграни или калкулирате како да се ослободите од работата што ве ограничува? Славете ги заедничките точки со блиските и не размислувајте за разликите: дали сте фокусирани на пошироката слика или само на она што може да биде од лична корист? Ослободете се од рутината.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]