Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е идеален ден за осамување и тивка интроспекција: тоа не значи дека треба да сте издепримирани, туку да ги откриете своите уникатни таленти со кои што ќе дојдете до неверојатна предност. Кога ќе престанете да се однесувате како и другите, сѐ ќе се вклопи и ќе ви се подреди. Потпрете се на своите внатрешни ресурси.

БИК: Подолго време очекувате промени, но тие нема да се случат самите од себе: вие сте учесник во пиесата и истовремено сте и набљудувач, барајќи како да ги коригирате фиксираните точки. Опуштете се малку и не барајте апсолутни одговори: тоа не значи дека треба да се согласите со сѐ, туку да се препуштите на текот и да верувате повеќе.

БЛИЗНАЦИ: Ако сте ставиле маска на веќе реализирана ѕвезда, разберете дека се лажете самите себе и дека тоа е пародија: зошто би биле копија на некоја друга личност? Оставете ги луѓето, местата и предметите кои што повеќе не ви значат ништо во минатото и ослободете се еднаш засекогаш! Станете и заборавете на старата рутина: време е за новитети.

РАК: Ви претстои некаков вид на партнерство, во кое што ќе успеете да ја задржите својата индивидуалност: стремете се секогаш трезвено да ја проценувате реалноста и ќе дојдете до убави резултати. Промоција, награди и размена на дарови: контакти со вашите најблиски роднини, кои што минуваат низ разновидни и динамични фази.

ЛАВ: Ако сакате да ја освоите одамна посакуваната тврдина и да го ставите своето знаме на врвот, ќе треба да ѝ погледнете на вистината во очи: запрашајте се со какви информации располагате до сега и не дозволувајте да ве разјадуваат песимистични размислувања. Не е сѐ така црно, ниту пак бело и ќе треба да откриете што е факт, а што фикција.

ДЕВИЦА: Можете да ги убедите другите со својот единствен шарм: да имате самодоверба и да играте чесно. Не е потребно да превземате екстра должности само за да се докажете, туку да бидете самоуверени и да покажете дека умеете да слушате, да бидете меки и ако треба, да чувате и тајни. Почнете да се сакате самите себе на поинтимен начин.

ВАГА: Ако сакате да разберете низ каков период минувате, потребно е да се запрашате дали она што го сакате е и вашиот вистински идеал: не барајте ја љубовта, туку оставете ја таа самата да ви тропне на вратата. Можеби минувате низ некакви искушенија и потешкотии, но и тоа ќе мине до крајот на овој месец. Смирете се малку: сѐ е добро!

СКОРПИЈА: Денеска сте среќни: како е горе, така е и долу и по својата замисла ја создавате материјалната реалност. Минатото е минато и ништо не стагнира, туку се отвораат нови можности да постигнете независност: вашите повисоки цели и идеи работат самите во ваш прилог и сега тоа го чувствувате. Препуштете се за миг и откријте дека светот е радосен.

СТРЕЛЕЦ: Сега имате можност оддалеку да ги погледнете работите што се случуваат во секојдневието: можните проблеми и потешкотии на професионален план ќе ве натераат да се запрашате дали се борите за вистинската кауза. Ако не, завртете го грбот и напуштете без да правите недолични забелешки: останете весели и духовити и пола работа е завршена!

ЈАРЕЦ: Иако минувате низ долготрајни потешкотии, бидете активен учесник во она што се случува, повторувајќи си дека вашиот свет се грижи за вас. Со ваквиот став ќе ја надминете анксиозноста и што и низ што и да минувате, ќе бидете храбри верувајќи им на сопствените капацитети. Трпеливи и истрајни, ќе сфатите дека сѐ се случува со некоја повисока цел.

ВОДОЛИЈА: Потребна ви е помош или некаков вид на совети и духовно водство за да го смените стереотипното однесување: овој свет е перверзен има лажен сјај, па затоа се случуваат и несекојдневни чуда. За среќа чудата може да имаат и прекрасна приказна и длабока мудрост, но ќе треба да дозволите и вам да ви се случи една таква реалност и вистина.

РИБИ: Ако некој се обидува да ви каже каде ви е местото, не верувајте му: ако ви е тешко, денес ќе изнајдете сила за нови активности и ќе ги менувате своите животни навики. Тргнете се од оние кои што не ве прифаќаат такви какви што сте и најдете ја групата каде што ќе се чувствувате задоволно. Одличен ден за дружење, романса и пријателства.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]