Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Спротивностите се изедначуваат, додека размислувате како да постигнете договор во областа на домот: со пријателско однесување можете да ги надминете и најупорните опоненти и да излезете како победник. Останете елегантни и не дозволувајте да бидете обременети од ситни и неважни работи: се враќате на првичната идеја.

БИК: Денес ќе треба да се служите со својата интуиција најдобро што можете: таа е силен сојузник кога станува прашање за учење на нови лекции. Можеби светот е замрзнат во некое свое време и е резервиран, но вие добро ја балансирате својата сопствена енергија: размислете смирено за блиската иднина и започнете да ја остварувате.

БЛИЗНАЦИ: При обичен разговор може да дојдете до златна информација: ова е момент со кој што се расчистува патот пред вас. Интересот се врти околу далечните земји, култури и луѓе, како и изучувањето на странски јазици. Ако не вложите напор, ќе ги изгубите сите таленти, затоа задајте си правец и пловете кон својата цел одлучно и храбро.

РАК: Во вашата непосредна околина се наоѓаат луѓе кои што би можеле да ви предизвикаат мноштво на проблеми, како на професионален, така и на емоционален план: не паѓајте на извештачените насмевки и љубоморни забелешки. Имате сериозни планови и грижи, но ако соработувате тимски, имате поголема шанса за успех.

ЛАВ: Сите предизвици се тука за да ве научат нешто ново: како да пораснете и како да бидете подобра личност. Можеби се сомневате во вашите капацитети и сакате да се покажете во подобро светло отколку што навистина сте: стравот почнува да ви шепоти црно-бели вистини и ќе треба да бидете трпеливи. Погрижете се за своето здравје.

ДЕВИЦА: Секој човек има своја идеја за тоа што е добро, а што не и за тоа како треба да изгледаат работите. Сепак, не треба да се борите за да им покажете на тврдоглавите зошто вашите идеи се повредни: квалитетот на самата работа зборува погласно од сите дебати. Ако се борите со корупција, ќе треба тоа да го правите на контролиран начин.

ВАГА: Ова е ден со нагласени емоции, страв и дилеми, но тоа самото по себе не е ништо лошо: како ќе се поставите вие во однос на неоснованите сомнежи? Дали да појдете на една страна или пак на сосема друга: размислете подлабоко и медитирајте. Откако ќе ги тргнете розовите очила од носот, ќе успеете да се ослободите и орасположите.

СКОРПИЈА: Вашите блиски врски и пријателства цутат и вие зрачите со оптимизам, бидејќи верувате во некоја специфична цел: со што и да се занимавате, работите ќе ви одат од рака. Бидете меки и нежни и користете ги своите дипломатски вештини: на тој начин ќе дојдете до авторитетна позиција и ќе се здобиете со огромна спиритуална сила и мудрост.

СТРЕЛЕЦ: Се јавуваат повеќе опции, особено поврзани со далечните земји и сега сте веќе доволно зрели и мудри да се справите со сè и да дојдете до нови одговори. Запрашајте се на што ве потсетува оваа ситуација и како сте реагирале првиот пат: само вистински големите може да им дадат на противниците уште една шанса. Обратете ѝ се на интуицијата.

ЈАРЕЦ: Сега сте на крстопат и можни се застои и секаков вид на блокади: постојат силни причини повторно да ги разгледате своите планови. Правењето на пауза не е знак на слабост, а додека чекате, чистете, спремајте и организирајте: така ќе го користите своето време на конструктивен начин. Опуштете се и споделете ја својата среќа со останатите.

ВОДОЛИЈА: До сега молчевте, но денес треба да се покажете во најдоброто светло: можеби се јавува некаков вид на натпревар, лутина или его игри и ќе треба да покажете кој е во право. Ако некој ви се заканува, објаснете ја својата позиција имајќи самодоверба и покажете колку сте силни. Никој нема право на вашиот живот, а животот не е игра.

РИБИ: Нова страст, но и склоност кон незгоди: контролирајте го темпераментот и ќе избегнете да направите шоу од себе. Денес би можеле да дојдете до силен професионален подем и личен успех, но ќе треба да внимавате на некакви ситни игри, измама и одмаздољубивост. Бидете храбри бидејќи имате силна планетарна поддршка и среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com