Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Го започнувате денот со нагласени емоции, кои ако не ги зауздите би можеле да ве одведат во погрешен правец: нека не ве заведува светкавиот изглед на работите и избегнувајте ситни кавги и докажувања. Работите ќе се одвиваат како да сте на рингишпил и еден момент сте горе, а потоа веднаш долу: бидете рационални.
БИК: Вашиот шарм и харизма се нагласени, па не е чудно што се чувствувате самоуверени, креативни, но и исконтролирани: ова е значаен период во кој што моќта за убедување е на високо ниво и кога имате шанси да го покажете својот раскошен талент. Го држите светот на својата дланка и комуницирате со далечните земји. Авантури.
БЛИЗНАЦИ: Можно е да се соочите со не толку отворена личност, која што всушност ви е скриен непријател и најверојатно зборува лаги и шири невистини за вас: заштитете ги своите интереси на време и откријте кој најмногу би се здобил со правењето на ваквите шеми. Истражете ги подлабоките мотиви на луѓето околу себе. Не трошете повеќе.
РАК: Средба со некоја личност од висок ранг, елегантна и рафинирана: бидете внимателни ако сакате да помогнете, бидејќи најверојатно станува збор за некаков вид на болест, која што предизвикува очај. Целата оваа работа е комплицирана и сега не е време за акција. Финансиската состојба се подобрува на некој волшебен начин.
ЛАВ: Колку и да сакате да се сокриете, информациите едноставно ќе извираат од вас: како да сте хистерична жена, која наоѓа сатисфакција во разголувањето. Постои и трета страна на веќе познатите две и сега треба да се запрашате како го дефинирате светот во своите сопствени мисли и колку тоа кореспондира со реалноста: соочете се со стравот.
ДЕВИЦА: Сосема неочекувано на работен план се отвораат нови и просперитетни шанси, кои ќе бараат приспособување: подгответе ги своите сили и мобилизирајте се. Тука е и семејството да ви помогне, како и вашите пријатели: негувајте го својот критичен дух и обрнете внимание на комуникацијата. Избирајте добро со кого ќе соработувате и направете нов план.
ВАГА: Работната недела започнува, а вие сте во состојба на хибернација: сето ова има своја причина и додека не ги отстраните застарените модели на однесување, нема да може да напредувате. Откако ќе ги расчистите работите, особено на емоционален план, ќе добиете предност и шанса за реорганизација: покажете ја својата чесност и витална сила.
СКОРПИЈА: Вашите интимни врски повторно добиваат важност: расположени за слатки средби и нежни зборови, подготвени сте да им дадете нова шанса на саканите. Атрактивни и интелигентни, ќе барате начин да се договорите и со здружени сили да заблескате на професионален план: одличен ден да се надминете себе си и да ги мотивирате другите.
СТРЕЛЕЦ: Можеби чувствувате некаков застој или нејаснотија, за која што ќе треба да поразговарате со некоја поискусна личност од себе: објаснете што ве мачи и што е она што не чини. Ќе успеете да се здобиете со мудрост и да ги отстраните нездравите навики или шеми на со кои си предизвикавте рестрикција. Повозрасните лица ви помагаат.
ЈАРЕЦ: Важна и длабока комуникација со саканите, при што доаѓате до интересни информации: успевате да ги заборавите тешкотиите и да дојдете до нови договори. Ова се однесува и на професионален план и успевате да ја коригирате финансиската состојба: идеален ден за бизнис и економија. Одличен ден оние што студираат.
ВОДОЛИЈА: Чуден е светот во кој што живеете и како да возите со вклучен автопилот: мажите сакаат да ја вршат женската работа, жените машката, црното се обидува да е бело и обратно и се чини дека повеќе немате самодоверба. Учите стари лекции на нови основи и барате начин да се покажете во ново светло: смислете нов рефрен и покажете ги талентите.
РИБИ: Вложете ги сите свои сили и сконцентрирајте се за да дојдете до психофизички баланс: спиритуалниот мир се постигнува однатре, а потоа доаѓате до рамнотежа и во материјалниот свет. Не дозволувајте си да бидете опседнати само со едно единствено прашање, туку проширете го разбирањето за светот: најдете време за медитација и јога.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ