Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е прекрасен ден, па дури и привремените темни облаци нема да ве заплашат: добро ја разбирате својата улога во светот и самите ја обликувате својата реалност. Ќе добиете поддршка од саканите, особено ако ја надминете резервираноста и така ќе ја вратите енергијата во својот личен живот. Зборот е оној кој што креира: кажете и ќе добиете.

БИК: Денес ќе биде добро да преговарате за да го добиете саканото место под Сонцето: не инсистирајте тврдоглаво на своите права, туку трпеливо остварете ја својата намера. Ако сакате симпатија и помош, ќе треба самите да си ја дадете: откривајќи ја својата пештера на богатства, ќе наидете на симпатија и помош во самите себе. Тоа е ретка љубов.

БЛИЗНАЦИ: Храбри, посветени и со апсолутна доверба во своите сили, денес не се плашите од предизвици: останете истрајни во интерперсоналните односи и ќе постигнете неверојатна регенерација. Сега е важно да се изразувате на креативен начин и ќе успеете да ги победите стресните ситуации: можеби ќе изгубите битка, но потоа ќе стигнете на целта.

РАК: Не плашете се од својата судбина и не прикривајте ги своите добри квалитети: направете нов план и фокусирајте се добро, враќајќи ја самодовербата на тој начин. Можеби работите се одвиваат бавно, но и тоа има своја цел, а тоа е да ја откриете својата моќ на трансформација и да излезете од блокадите како победник. Нови и неочекувани информации.

ЛАВ: Она што до неодамна ви се чинеше сосема јасно, сега веќе губи сјај: како наеднаш да паднала магла и повеќе не можете да видите што се случува пред себе. Ако сметате дека рационалниот свет е клесан во камен, ќе откриете дека и тој има пропусти и може да биде сменет во миг: верувајте ѝ на интуицијата, обидувајќи се да го чуете сопствениот глас.

ДЕВИЦА: Следејќи ги туѓите намери, ќе откриете кога е вистинското време за дејствување: можеби ќе треба да им помогнете на оние кои што се послаби од вас и да се заземете за нив како родител. На тој начин повторно ќе се издигнете, ќе научите да издржите и да разберете повеќе. Ова е многу важен аспект, преку кој што ќе научите многу за себе си.

ВАГА: Ако навистина сакате љубов, треба за почеток да научите да се сакате себе си на исправен начин: не седете дома по цел ден, излезете и обновете ја силата, уживајќи во овој прекрасен ден. Таквата енергија ќе ги привлече другите кон вас и ќе можете да постигнете идеална љубов. Грижете се за себе и љубовта ќе ви се врати како бумеранг. Постигнувате среќа.

СКОРПИЈА: Размислувајќи за непосредното минато, ќе сфатите дека уште тогаш знаевте дека некои работи ќе се повторат по некој логичен след: ова што се случува е веќе дежа ви и од вас се бара да го смените методот на однесување: на тој начин ќе се заштитите од безумни последици. Соработувајте со останатите, без оглед на резултатите: ова е кармички процес.

СТРЕЛЕЦ: Подгответе се за провокации од страна на околината: поработете на комуникацијата и ќе го вратите балансот. Можеби ќе треба да патувате или да изучувате нешто од голема важност или пак ќе се сретнете со некој со кој што не сте се виделе подолго време. Фокусирајте се на сличните точки и ќе се ослободите од тензијата и несигурноста.

ЈАРЕЦ: Сетете се на својата внатрешна сила и ќе успеете да отворите прозорец низ кој што ќе влезе светлина, а која што ќе ви го покаже патот: зарем губите надеж во сопствените моќи? Запрашајте се дали сте оптоварени со работи кои што повеќе немаат никаква функција во вашиот живот и ќе разберете во која фаза се наоѓате: истрајте, без да сте тврдоглави.

ВОДОЛИЈА: Вие сте прекрасно и уникатно битие, но некаква длабока болка може да ве натера површно да гледате на работите и да ја испреврти целата перцепција: од каква важност е добрата гардероба и фризура, ако во вас се кријат притаени страсти? Простете си на грешките, сеќавајќи се дека секое чудо трае три дена и ќе го надминете својот страв. Изразете се.

РИБИ: Ако ви е потребна помош или нега, ќе треба самите да си ја дадете: денес имате можност да направите волшебни креации и да се изразите на нов начин. Избегнувајте ја замката дека некаде треба да брзате или да форсирате, бидејќи ќе доживеете спротивен ефект: бавно но сигурно, ете тоа е рецептот за денешниот ден и така ќе бидете прецизни.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]