Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ѝ нема крај на вашата среќа: сè што може да направите е да се опуштите и да го дочекате она што допрва следува, а тоа е љубезното споделување на вашата вистина со саканите. Средба со повеќе личности, со кои разменувате идеи, планови и искуства. Прекрасен ден за пријателска соработка и шанси во повеќе сфери.

БИК: Ова е период кога ќе откриете колку, всушност, вредите и сега може да си честитате на постигнатото: ако и се соочите со одолговлекувања, бидете трпеливи, вложете уште малку напор и ќе дојдете до заслужени награди. Набргу доаѓате до промени во личниот живот и она што досега стагнираше волшебно ќе почне да се остварува.

БЛИЗНАЦИ: Вратете го балансот во својот живот, давајќи им предност на своите емоции, потреби и желби: никој не е создаден да остане сам подолго време, затоа признајте си што треба да менувате и продолжете понатаму. Иако сте умни и агилни, сепак не брзајте да постигнете сè токму овој ден: сменете го начинот на однесување и соочете се со стравовите.

РАК: Зад вас се убави спомени на летните искуства и се радувате што имате пријатели на кои може да се потпрете. Постигнувате слобода во рамките што си ги зададовте и подготвени сте да ги раширите крилјата како птица: набргу ве очекува луксуз, за кој е добро да знаете дека ќе треба да вложите поголем напор. Намалете го стресот.

ЛАВ: Чекорите мирно и достоинствено, уживајќи во убавината на природниот свет: за еден чекор или два понатаму, ќе откриете волшебна слика која ќе ви покаже дека животот се распостила како црвен тепих пред вашите нозе. Верувајте дека ќе успеете да манифестирате сè што ќе ви посака душата: бидете храбри и насмејте се достоинствено.

ДЕВИЦА: Може да ги читате големите филозофски дела колку што сакате, но својата радост, сепак, треба да ја споделите со некого: не дозволувајте си да ве нападнат нејасни размислувања поради кои би се осамиле. Вратете ја насмевката на лицето, знаејќи дека вие го држите клучот на својата среќа: повратете го балансот и слушајте ја својата интуиција подобро.

ВАГА: На самиот почеток на работната недела, сфаќате дека сепак сте успеале да остварите дел од плановите направени за време на викендот: вашите мечти не се само фантазија, туку реално се справувате со барањата на животот. Бидете мирни и комуницирајте нежно со саканите, одржувајќи ги односите на софистицирано ниво.

СКОРПИЈА: Стравот го кочи паметот и ги врзува рацете: се јавува потреба за стратешко планирање во некаков вид натпревар и сега сте самоуверени дека ќе успеете. Имајте го предвид конечниот изглед на работите и заборавете на импулсивноста: тоа е ризично однесување во овој момент од процесот. Легални разврски и потенцијални аргументи.

СТРЕЛЕЦ: На темните нагони сладок им е почетокот, но горчлив им е крајот: заштитете го своето мало гнездо од некој натрапник, кој се обидува да ги имитира другите. Оддалеку се чини дека сè е во ред, но не треба да чекате, кога треба да се дејствува и обратно: ова е поволен период за крупни трансформации, но дали ќе одговорите во вистинскиот момент?

ЈАРЕЦ: Планетарните влијанија укажуваат дека се обидувате со сила и логика да ги објасните работите на срцето: колку ви успева? Разгледајте ја својата стратегија и не подлегнувајте на притисоци: кулата од карти можеби се руши, а тоа повлекува понатамошни консеквенции. Крајно време е да ги наполните празнините во својата приказна.

ВОДОЛИЈА: Сега го разбирате вистинското значење на изреката дека луѓето треба да се оплакуваат на самото раѓање, а не кога заминуваат: храбрите идеи наидуваат на јавно негодување и како да нема простор за вашата верзија на настаните. Иако ова е само една епизода од животот, таа ќе има долготрајни реперкусии. Врзете се добро, авионот полетува!

РИБИ: Нежна комуникација со блиските и саканите, како и поддршка од семејството: работите се стабилни и постојани, иако можеби им фали малку страст. Размислувајте како да го заштитите својот имот и вратете го реализмот во животот: сега не е време за идеалистички планови туку за справување со материјалниот аспект на постигнатото.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]