Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако бевте лошо расположени и на лизгав терен, денес ќе откриете како можете блокадите да ги претворите во предност: резервирани и загрижени, калкулирате која опција е најдобра за вас. За среќа вашите сакани се тука да ви дадат добар и оригинален совет и нивната мисија ќе ве расположи. Нови потенцијали и уникатни идеи. Разговори.

БИК: Ако сакате да ја дознаете тајната на среќата, ќе треба да се повлечете во својот внатрешен свет и да ја откриете својата убавина: посветете си го овој ден на себе, креирајте и резултатите нема да изостанат. Одговорите веќе ги знаете, сè што треба е да ги соберете како зрело јаболко од дрвото на среќата. Богати и успешни, не сте ништо помалку од другите.

БЛИЗНАЦИ: Со самиот почеток на денот работите изгледаат нејасно, но понатаму ќе успеете да го завртите својот фокус кон она што веќе сте го постигнале: успешни и остварени амбиции, слатка љубов и многу убави награди. Не дозволувајте да ве занесе успехот, туку спремете ја својата торба на убави идеи и менувајте се, за да напредувате континуирано. Нов проект.

РАК: Тркалото на среќата се врти и работите се менуваат постојано, бидејќи тоа е во нивната вечна природа: она што беше приоритет вчера, повеќе не е и можеби ќе појдете некаде на пат, каде што ќе размислувате што сè постигнавте во животот. Не фокусирајте се на стравовите и она што е пред вас, туку замислете една поубава иднина за себе. Опуштете се.

ЛАВ: Како да чекорите по тенка жица и сите погледи се вперени кон вас: едните ве бодрат, додека другите се плашат од она што ќе го сторите, а најдобро ќе биде да кажете директно што имате и да ѝ се препуштите на судбината. Замислете си дека сè се случува по некој небесен ред и хармонија и ќе откриете море на можности. Сè е како што треба!

ДЕВИЦА: Се отвораат нови работни шанси, чија имплементација ќе бара интервенции: не гледајте надвор од себе бидејќи така ќе правите идентификација со другите и нема да го чуете својот глас и своите потреби. Направете сопствени стандарди и ќе бидете задоволни со себе си: дајте си право да сте поинакви од другите, одбирајќи нов наратив за животот.

ВАГА: Денес ќе можете да се опуштите и уживате во својот успех, добросостојба и здравје. Задоволството и љубовта се водечка тема на овој ден и нема да ви биде тешко да им се приспособите на саканите. Повторувајте си во огледалото дека сè се одвива по божествена замисла и светот ќе знае да се погрижи за вас. Промени во домот, љубовта и бизнисот.

СКОРПИЈА: Застанете за кратко и откријте ги уникатните дарби и таленти: тие се вашето богатство, кое што можете да го инвестирате во било која област и така да ја обновите својата физичка сила и визија. Страсни и искусни, способни сте да направите генијални дела и научни откритија и денес ќе продолжите во освојување на нови простори. Успех!

СТРЕЛЕЦ: Прекрасни искуства во романтичниот живот и многу нови шанси за запознавање на нови луѓе: ако сте на одмор, препуштете се и уживајте сесрдно, а доколку пак работите, забрзајте ги проектите. Она што ќе го расипе една будала, не можат да го исправат ниту илјада умни глави, а токму вие имате идеја како да ги коригирате работите. Истрајте.

ЈАРЕЦ: Се чини дека вашите љубени и шефови не се повеќе фанови на она што го работите: иако успевате во професионална смисла, не можете да се опуштите и да спиете на ловориките. Непредвидливи случки, при кои што ќе треба да покажете флексибилност и да не возвраќате агресивно: ако врне, тогаш врне за сите и ќе треба да го прифатите тоа смирено.

ВОДОЛИЈА: Дали верувате доволно во себе и во своите ресурси? Несигурноста може да предизвика анксиозност, а денес е потребно да бидете истрајни за да го постигнете она што го сакате. Се појавуваат нови опции, но ќе треба да размислите добро пред да отскокнете во непознат правец: сетете се на минатото, а потоа одлучете како ќе постапите.

РИБИ: Средба со авторитетна фигура, со силна ментална енергија: од вас се бара да постапите исто и мудро да се изборите со психолошките битки. Можеби оваа промена ве заплашува, но на крајот ќе се покаже дека е продуктивна: шанса да започнете одново и да се покажете во подобро светло. До крајот на денот ќе ја вратите самоконтролата и ќе славите победа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]