Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес не е важно како размислувате, туку за што размислувате: вашите блиски и сакани се тука за да ве утешат, да ве гушнат и поддржат во секоја смисла на зборот. Знаејќи дека сте сакани, ќе успеете да го надминете тмурното расположение и важните егзистенцијални прашања, кои што ве малтретираат веќе некое време. Фокусирајте се на конечната цел.

БИК: Во вас лежи голем потенцијал, само што никој тоа не ви го кажал до сега: денес најдете време и одморете се, бидејќи планетарните влијанија се одлични да се погрижите за себе си, да се погледнете подобро и да се разберете на подлабоко ниво. Вашата душа е уникатна и таа е вашето скровиште, затоа дајте си слобода знаејќи ја оваа вистина. Нови идеи.

БЛИЗНАЦИ: Ова е ден кога ќе научите дека не сите животни прашања имаат логични одговори: ако сакате да ја преточите идејата во конкретна реалност, неопходно е даделувате систематично. Отфрлете ги конечно работите кои што ве лимитираат и откријте го чудесниот свет околу себе: пронајдете ја повторно својата страст, убедување и девоција.

РАК: Дојдени сте до фаза кога што се чувствувате удобно и среќно и повеќе не се тревожите за работите кои што не ви се допаѓаат: сега имате право да уживате, бидејќи работевте напорно минатите четири месеци. Можеби ќе треба да појдете некаде на пат, каде што ќе откриете како живее останатиот дел од светот: море, јахти и луксузни хотели.

ЛАВ: Ако сакате да минете мирен ден, ќе треба да го коригирате сценариото: постапувајте неутрално и смирено со другите, не вознемирувајќи ги воопшто. Ако и не се согласувате комплетно со нив, сепак не тревожете се, туку правете здраворазумски решенија и ќе ја вратите контролата во својот живот. Останете трпеливи и на професионален план.

ДЕВИЦА: Пред да донесете важни одлуки, запрашајте се како се чувствувате и дозволете му на умот да заспие за миг: послушајте ги своите претчувства и не слушајте никого. Во вас лежат сите решенија, затоа бидете смели: душата веќе знае што сака и што не сака. Предизвик е да му наредите на умот да не рационализира: откријте начин да љубите повеќе. Среќа.

ВАГА: Бидете подготвени за крупни промени во својот живот: домот е она место каде што ќе треба да го фокусирате своето внимание. Се јавуваат повеќе можности, но не сте сами: тука се вашите сакани да ви помогнат да дојдете до решение. Покажете ја својата лојалност, грижејќи се за семејството и откријте каде треба да се коригирате. Веќе имате некаков увид.

СКОРПИЈА: Сеќавање на оние времиња кога постигнавте баланс и самоконтрола во животот и се прашувате како повторно да го постигнете истото: останете расположени, бидејќи се појавуваат добри шанси да продолжите со познатото темпо. Секако дека ве очекува долготрајна и напорна работа, но после околу шест месеци ќе можете да славите. Нови предизвици.

СТРЕЛЕЦ: Во водечка позиција, а сепак претпазливи, ќе треба да внимавате на можната анксиозност и дилеми, бидејќи се соочувате со долгорочни и сериозни промени: бидете фокусирани на финансискиот сектор и откријте што е приоритет. Можни промени и опасности на професионален план, поради непочитување на правилата на играта. Не губете верба!

ЈАРЕЦ: Работата се одвива добро, но денес сте по малку мрзеливи и така ризикувате да направите грешки: ако некој ви каже дека ќе победите, нема да го постигнете тоа само така размислувајќи за победата, туку ќе треба да вложите искрен напор и да стигнете на целта. Запалете светло во своето срце и вложете уште многу средства, време и пот. Нови креации.

ВОДОЛИЈА: Нема потреба да сте арогантни ако се соочите со предизвикувачки ситуации: зарем ја изгубивте способноста да верувате? Ако сакате љубов, таа ќе си дојде самата по себе, бидејќи целото ваше внимание ќе биде фокусирано кон тоа. Во даден момент ќе се појави она кон кое што стремите, особено ако ја надраснете нефлексибилноста. Бидете искрени.

РИБИ: Конечно е време да зацртате здрави граници и да чекате за да видите дали ќе успеете: од секоја битка излегувате посилни и наоѓате сила дури и кога сметате дека не можете повеќе. Не мачете се со она што не можете да го остварите, туку сменете ја идејата и продолжете храбро напред. Откријте ја својата реалност и сѐ ќе се оствари онака како што сакате вие.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]