Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако не внимавате, денес би можеле сериозно да погрешите и вашите најдобри намери да се претворат во пепел: со силни емоции нема да може да постигнете ништо. Обидете се рационално да размислите за работите и ставете ги амбициите во една изводлива рамка: покажете иницијатива и обидете се да се зближите со луѓето. Бидете похумани.

БИК: Се соочувате со мистериозни сили кои што не можете да си ги објасните: на некој начин тешко ви е да направите синтеза помеѓу свесното и несвесното. Доколку не ѝ погледнете на вистината во очи, ризикувате да бидете оставени во минатото со врзани раце. Ако пак најдете сила да се соочите со своите сенки, ќе успеете да го обновите својот живот.

БЛИЗНАЦИ: Се обидувате да се исцелите од некоја непријатна ситуација, неуспешна љубов или болест, продолжувајќи кон помирни води: зад вас е силен стрес и сѐ што сакате е да дојдете до балансирана ментална состојба. Поддршка од вашите блиски, кои што ви велат да ги оставите лудостите во минатото: слушајте внимателно и направете фер решенија.

РАК: Деликатна комуникација со себе си и останатите во вашата непосредна околина: нежни и кревки, внимавате како ќе се изразите и свесно бирате да не направите саркастични забелешки. Таквото однесување ќе ги продлабочи пријателските односи, како и оние со членовите од семејството и професионалниот тим. Насмејте се и отворете се за крупни промени.

ЛАВ: Бидете ведри и весели, дури и кога ќе се соочите со темни облаци, особено на интимен план: од една страна сакате да се зближите со саканите, но дел од вас ве држи во неизвесност. Ова е стенд бај ситуација, во која што ќе треба да ја покажете својата величина: со чувство за дипломатија, ќе излезете како победник во тековните преговори.

ДЕВИЦА: Ако мислите дека денес би можеле да застанете и да уживате во својот успех, ќе откриете дека ве чека уште малку работа: бидете флексибилни, особено ако некој се однесува несоодветно со вас. Сфатете дека тоа се променливи работи, како и самото време и ќе успеете рационално да ги решите ситуациите. Поработете на себе си и љубете повеќе.

ВАГА: Колку и да тежнеете кон стабилност и емоционално исполнување, нема да направите ништо ако не ги помирите спротивставените тенденции во себе: не може да сакате едно, а да се однесувате спротивно кон тоа. Така се лажете себе си, но и другите и не решавате ништо. Порекнувањето прави хаос и сите напори се залудни. Искрено откријте што е приоритет.

СКОРПИЈА: Со неверојатно чувство да ги откриете дури и најопасните ситуации, денес ќе треба да се вклопите во непосредната околина со голема имагинација: средба со некој опонент при што ќе треба да бидете храбри. Преплашениот е веќе напола победен, затоа бидете мудри и откријте во оваа случка важни пораки. Останете будни за секој суптилен глас.

СТРЕЛЕЦ: Пред вас е ден со необично силна енергија: би можеле да ги остварите своите најдлабоки желби, а најмногу од тоа на сензуален план. Очекувајте многу движење и возбуда, а што ќе ве исполни со среќа: најубавата работа на светот е работењето со љубов. Постигнувате доза на слобода во овој сектор и успевате да ја вратите својата моќ и контрола.

ЈАРЕЦ: Соочување со некоја комплексна ситуација, која што ќе ве натера да се запознаете подобро: дури и кризата во животот има своја смисла и ред. На емоционален план се соочувате со олуја и во срцето ви бијат грмотевици: откријте трезвено што навистина се случува. Организирајте се подобро и сфатете дека ова е со минлива природа.

ВОДОЛИЈА: Завршувате важен проект, со кој што се занимавате веќе некое време: успевате да ја докажете својата компетентност и влегувате во нов процес и партнерство. Бидете самокритични и задржете го здравиот став: на тој начин ќе ја вратите љубовта во својот живот и ќе уживате искрено и чисто како дете. Минувате низ лична трансформација. Добра виталност.

РИБИ: Зарем заборавате колку навистина сте силни? Време е да го префлите фокусот и да откриете дека можете да опстанете дури и во најтешките услови. Можеби ви е ладно и се чувствувате сами, но затоа пак сте способни да се движите побрзо од едно место на друго. Силната мотивација ќе ве натера да заборавите на стравот и да ги направите вистинските чекори.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]