Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Секој треба да се соочи со својата вистина и никој не може да му го одземе на другиот тоа право: бидете тивки во првиот дел од денот и ќе откриете длабоки вистини во вечерните часови. Животот добива друга насока и разбирате каде треба да завртите, за да ги искористите своите волшебни потенцијали. Сѐ си има свое место и време. Слушајте го срцето!

БИК: Погледнете се добро во огледалото и запрашајте се дали ги живеете навистина своите најдлабоки сништа: каде лежи вашата вистина? Што и да наумите, вие сте способни за тоа, сѐ што треба да одлучите е што ќе остане во минатото и кои таленти ќе продолжите да ги развивате во непосредната иднина. Направете приоритети и продолжете храбро напред.

БЛИЗНАЦИ: Правите инвентар на сѐ што постигнавте минатите шест месеци, отворени кон сугестиите на некоја лојална пријателска личност, бидејќи длабоко во себе знаете дека станува збор за суштиснки и разумни сугестии. Не се фокусирајте на стравовите, туку повлечете се од сите претходни битки и најдете начин да се одморите. Работата се одвива по сопствен тек.

РАК: Сега не е време за делување: остварувањето на вашите желби може да се случи дури по три месеци, затоа чекајте и најдете време да се одморите. Ве очекува партнерство со некоја софистицирана личност, со која што би можеле да појдете на одмор, каде што ќе сретнете многу нови луѓе и ситуации. Информации од економската сфера. Инвестиции.

ЛАВ: Освежувањето кое што го чекате од неодамна, доаѓа во вистински час: насмевката се враќа на вашето лице и откривате нови начини за радост и стимулација. Забавни и спонтани, ќе знаете како да се соочите со предизвиците на нов и конструктивен начин и ќе си дозволите да се одморите по неколку месечните напори. Го враќате својот авторитет.

ДЕВИЦА: Отворете ги своите очи навнатре и кон вашите повисоки цели и планови: кој е тука да ви помогне, освен вие самите? Најдете го повторно својот мир, не дозволувајќи никој да влезе на вашата територија и грижете се за својата добросостојба. Ќе ја збогатите својата егзистенција наоѓајќи начин да ги отстраните маргиналните личности. Победа!

ВАГА: Периодот на интензивна грижа останува во минатото: сите оние кои што се мешаа во вашиот личен живот повеќе немаат никакво значење. Од ова искуство понатаму може само да растете: со трпение ќе дојдете до просперитет и финансиска благосостојба. Не размислувајте за недостатоците на другите, туку фокусирајте се на својата лична сила. Среќа.

СКОРПИЈА: Во областа на романтичните врски не е сѐ така подмачкано: иако и двајцата работите како тандем, во некои суштински работи се разликувате и тоа создава дисбаланс и взаемна недоверба. Не сте тука на натпревар и нема потреба да се борите за доминација, затоа не дозволувајте си да го губите фокусот: тоа може да се рефлектира и на професионален план.

СТРЕЛЕЦ: Обземени од сопствените мисли, не препуштајте се во морето на сомнежи: доколку ги трпите туѓите неправди, постапувате нечесно и со себе си. Колку повеќе ги сакате своите пријатели, толку повеќе сте искрени со нив: поддржете ги тивко во нивната лична борба и верувајте повеќе. Не грижете се повеќе, од денес натаму имате нова цел. Нови идеи.

ЈАРЕЦ: Можеби очекувате нешто да се случи од ведро небо и така да ги решите досегашните потешкотии: разберете дека работите нема да се расплеткаат самите од себе, но ќе бараат дополнителен напор, особено во партнерските односи и семејството. Ништо нема да ви биде сервирано со златна лажица, затоа потрудете се повеќе и насмејте се.

ВОДОЛИЈА: Чудна комбинација на економска сигурност и немање на идеја каде да ги инвестирате своите таленти, финансии и потенцијали: изгубени во својата дневна рутина, размислувате и мечтаете за фантастични цели без реална основа. Како ќе си помогнете? Завртете му грб на минатото и отворете се кон љубовта околу вас. Нови работни позиции и афери.

РИБИ: Сѐ што ќе се случи денес е од екстремно значење: активирајте ги своите сили и користете го знаењето. Пријателските врски ќе ги оддржите со трпение и ќе откриете еден многу важен аспект од себе: невидливиот свет е исто толку важен колку и видливиот, затоа следете ги пораките на својата интуиција. Секојдневно се случуваат чуда: верувајте повеќе!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]