Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денот започнува со голем потенцијал да постигнете финансиска сигурност и просперитет: сега е важно да сте самостојни, да имате стабилен прилив на финансии за да може да се грижите за саканите. Земете ги во предвид долгорочните цели, кои што ќе го издржат тестот на времето: направете поголем напор и ќе ги остварите желбите.

БИК: Се чини дека брзате немајќи доволно време за себе, а најважно е да направите пауза токму тогаш кога ќе биде најнапнато: можеби имате полн распоред и за сега треба да најдете некој кој што ќе ви асистира во вашите потреби. Мултитаскингот никому не прави услуга и најважно е она што го работите да го направите со љубов. Денес сѐ е возможно!

БЛИЗНАЦИ: Сѐ се врти околу организацијата: на време да се платат сметките, да се остане фокусиран и продуктивен. Сево ова е зможно и ќе успеете да ја добиете саканата предност: задоволни и расположени, ќе најдете време да им се пофалите на пријателите со кои што ќе се сретнете, раскажувајќи дека сите желби од детството ви се исполнети.

РАК: Односите со блиските луѓе се со реципрочна вредност: давате на заем или некој вас ви помага поткрепувајќи ве финансиски, со што пријателските врски се продлабочуваат и стануваат посуштински. Ако чекате одговор од некоја организација, денес може да го добиете и веднаш ќе знаете дека е време за организација и мобилност. Планирање.

ЛАВ: Прекрасен ден за презентирање на своите идеи, во кој што ја покажувате  експертизата: имате и готов продукт, со кој што може да дојдете до ресурси. Направете добра стратегија и фокусирајте го вниманието да минете низ овој процес: смислете шема според која ќе ја постигнете својата цел и обрнете внимание на комуникацијата. Успех.

ДЕВИЦА: Соберете ги своите пријатели и расположете се во нивното друштво: отворете се повеќе и насмејте се, разговарајте и креирајте нова стратегија за идните напори. Прославувајќи, обидете се да ги откриете можните потешкотии за да може со време да направите бекап план. Хармонија со интимните и професионалните партнери.

ВАГА: Ќе треба да бидете инвентивни за да дојдете до она што го сакате: од вас се бараат конкретни дела, а не само разговори околу тоа како би можеле да се одвиваат работите. Направете листа на приоритети и искористете го овој поволен ден за да ги надминете досегашните потешкотии: размислете добро за понудените шанси. Среќа.

СКОРПИЈА: Денес би можеле да откриете дека вашите стари уверувања повеќе не ви служат: можеби сте преморени од преголемо размислување и така стварате негативна шема, а во главата ви се врти како на рингишпил. Време е да застанете и да размислите како да ја подобрите емотивната, но и финансиската ситуација. Средба со помлада личност.

СТРЕЛЕЦ: Во фокус доаѓа вашата храбра и интелигентна природа: она што го говорите има длабока содржина и денес ќе треба да одлучувате сосема непристрасно. Можеби ќе барате алтернативни солуции за сето она што ве ограничува, надминувајќи ги лошите намери на оние околу вас: работите не се црно-бели, туку постои цел еден спектар на бои.

ЈАРЕЦ: Вложените напори почнуваат да даваат плод: сите телефнски разговори и мејлови околу моралните прашања ќе ви помогнат да појдете во саканиот правец. Можно е патување кон некое место покрај вода, по што ќе се одморите со љубените и ќе прославите некој роденден или годишница. Зрели и стабилни, успевате да си ја вратите виталноста.

ВОДОЛИЈА: Ова е ден кога ќе си ги броите благословите, задоволни бидејќи вашите желби се исполнуваат: на овој начин привлекувате уште поголема среќа и ја постигнувате саканата удобност. Започнување на нов проект, во кој што се бара вашиот ментален капацитет и одговорност: зад сето ова стои уште поважна фигура, од која што добивате поддршка.

РИБИ: Мудри и ненаметливи, ќе направите поголем напор да се запознаете себе си, пред да се претставите пред авторитетите: можно е да ги направите првите чекори во некоја област, кои ќе ви донесат финансиски фидбек. Средбата со овие личности ќе ви отвори нова перспектива, за која што треба да сте совесни и да верувате повеќе. Ве очекува успех.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]