Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Одбегнувајте да ги презирате луѓето и да сте немилосрдни со нив: обрнете поголемо внимание како се однесувате со авторитетите и дали навистина сте толку компетентни како што си замислувате. Подобро е да учите на своите грешки, наместо да ги повторувате и да ги чуете советите кои што ви се дадени од страна. Фокусирајте се на својот имот.

БИК: Денес вниманието е насочено кон крупни промени, особено на финансиски план: треба да ги оставите зад себе сите работи што повеќе не му служат на вашиот развој и да изнајдете нов метод да постигнете среќа во животот. Имајте самодоверба и не го менувајте мислењето толку брзо колку што се менуваат и ситуациите: премолчете некој збор.

БЛИЗНАЦИ: Сонцето во вашиот знак ве повикува интелигентно да ѝ погледнете на ситуацијата во очи: за да добиете контрола, треба да бидете озбилни и да направите нова стратегија. Размислете како минатото влијае врз сегашноста и надминете ги своите илузии: луѓето секогаш го добиваат она што го заслужуваат. Нова рутина и волшебни шанси!

РАК: Започнувате нова животна приказна, во која што е најважно да се фокусирате на комуникацијата. Работните услови се подобруваат и можен е нов договор. Односите со роднините ви влеваат самодоверба и сега може да се потпрете на нивната поддршка: пред вас се важни легални или административни одлуки, како и консолидирање на финансиите.

ЛАВ: Иако важите за блескава личност, денес е можно да имате проблем со некоја сомнителна фигура на професионален план: не секој ужива во вашата вистина и може да се соочите со блокада. Бидете смирени и не дозволувајте си да ве иритираат: внимавајте на својот вокабулар, бидете точни и прецизни, како и непристрасни посматрачи.

ДЕВИЦА: Одеднаш се здобивате со поширока перспектива: се трудите да се покажете во вистинското светло, наместо да се криете позади нечија сенка. Нема потреба да брзате и при секој шум да барате подлабоко значење. Најдобро ќе биде да се прашате што навистина сакате и да створите здрави граници: фокусирајте се на работата и таа ќе цути. Успех.

ВАГА: Време е да се повлечете и да ги прегрупирате своите сили: зошто плановите не се одвиваат според саканата визија? Не размислувајте за одмазда, туку направете функционален план, со кој што ќе ги подобрите животните услови. Можеби размислувате да засновате семејство или да се зближите со саканите, а за тоа треба да балансирате.

СКОРПИЈА: Започнувате нешто сосема ново и се чувствувате како дете кое што ги прави своите први чекори: ги следите пропишаните правила и закони за да бидете вистински слободни. Нови проекти кои што ви влеваат надеж, како и шанса за патување: работете тимски и покажете ги своите таленти на професионален план. Важни активности.

СТРЕЛЕЦ: Најдете сила да простите, особено ако интимните врски не се одвиваат онака како што сакате вие: бидете самокритични за да ги исправите своите маани. На секој може да му се случи нешто за кое што е потребно трпение и денес имате таква ситуација: размислувајќи зрело, ќе почувствувате дека треба да почекате подобри времиња. Не очајувајте!

ЈАРЕЦ: Чувствителни и скоро неподвижни, размислувате за својот духовен живот: од една лага лесно е да се размножат повеќе лаги, а вие не сакате да бегате од своите должности. Можеби сте немирни и хаотични и ги слушате сите останати, наместо да го чуете сопствениот глас: прашајте се дали се борите со вистински мотиви или поради тврдоглавост?

ВОДОЛИЈА: Балансирање со изборите кои што ги правите секојдневно: секој избор носи своевидна промена, како и нов почеток. Опуштени и среќни, денес ќе уживате во саканиот луксуз: како да сте на банкет или свадба, а букетот ви паднал токму во вашите раце. Доаѓате до саканиот баланс и самоконтрола, справувајќи се со ситуациите од минатото.

РИБИ: Дел од вложениот труд почнува да носи резултати: добра економска состојба, љубов и поддршка од семејството. Промоција или некој друг вид награди, со што ќе ги надминете комплицираните ситуации, особено на здравствен план. Сепак, бидете претпазливи поради обемот на понудената работа и не одлагајте ги одлуките и решенијата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]