Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Утрото го дочекувате со силна желба за напредување, можеби и премногу силна за ваше добро: планетите сугерираат да не избрзувате во ништо, бидејќи може да се каете. Потоа ќе треба да се правдате, а тоа нема крај и ќе излезе дека самите себе се обвинувате. На крај ќе успеете да спасите нешто од вложеното и да си ја вратите насмевката.

БИК: Подготвени за претстојната работна недела, добро избирате со каков речник ќе се изразувате: проучете ги документите или списите, не губејќи го своето време во предолго размислување и шпекулации. Не сите тајни се откриени за секој, туку само за оној што е непристрасен и полн со обожавање. Ослушнувајте го темпото на времето и ќе успеете.

БЛИЗНАЦИ: Ако се осамувате, бидете барем вредни: разберете дека среќата и несреќата доаѓаат од истото место кое е наречено свест, па така ќе успеете да ги направите нужните корекции. Луѓето може да бидат излажани од секакви зборови, но фактите никогаш не лажат. Дали навистина постои причина за плачење? Не плашете се!

РАК: Дојдовте до информации што допрва треба да ги протолкувате и да разберете дали се добри или лоши: осамени, можеби ќе разберете подобро. Ако пак не, побарајте совет од некоја далеку поискусна личност, која со задоволство ќе знае каде да ве упати. Мистериозни сили го движат светот, а и вие сте дел од него. Мудрост.

ЛАВ: Од вас извира сè: сета среќа на светот и сите идни успеси. Мудри и добро ситуирани во својата доблест, со леснотија ги практикувате поставените задачи: Месечината во Девица ќе ви покаже како практично да ја примените својата сила. Животот си тече по сопствена рутина, а за да го разберете, ќе треба да ја истражите спиритуалната страна.

ДЕВИЦА: Ако мислите дека ќе успеете да поминете уште некој час во спиење, утрото ќе ве убеди во спротивното: ова е исклучително важен ден, во кој се соочувате со славата и неуспехот. Она што е важно е дека ниту едното, ниту другото не ве менуваат и тоа е како природата на Сонцето: тоа е црвено при излезот, како и при залезот. Остроумност.

ВАГА: Ќе бидете посреќни ако научите дека ништо не останува зад нас: човек со себе ја носи дури и својата сенка. Сепак, тоа не е причина за жалење, туку повод повеќе да ја вложите сета своја сила во реализација на своите таленти. Сите ги имаме, зарем не? Откако ќе го научите ова, ќе станете сам свој господар и ќе ја постигнете саканата среќа.

СКОРПИЈА: За да ги избегнете непријатните и променливи емоции, ќе треба да бидете фиксирани на својата цел: почитувајте ги другите, поврзете се со нив на подлабоко ниво и обидете се да ги разберете нивните мотиви. Сега не е време да се затворате самите во себе и да измислувате причини поради светот, туку активно да учествувате во него.

СТРЕЛЕЦ: Ретроградниот Јупитер ве става во моќна позиција кога ќе треба да ги преиспитате сите свои постапки и должности, особено во научните проекти. Откако ќе го сторите тоа, ќе учите како да ја балансирате својата енергија со барањата на судбината: субјективните желби доаѓаат во втор план и го отстапувате лидерското место.

ЈАРЕЦ: Нема место за дилеми: иако сакате да им угодите на старите авторитети, ќе треба да се повлечете и да се адаптирате. Засега тоа е најмудриот избор. Подобро е да учите од туѓите грешки отколку од сопствените. Она што е добро за една личност не е нужно добро и за другите, затоа не жалете за пропуштените шанси туку најдете мир.

ВОДОЛИЈА: Со долгогодишниот транзит на Уран во Бик, ќе научите дека егзекутивната моќ ви е вон дофат на раката: повисоки сили ја движат ситуацијата. Сè е возможно, секаков вид промени што ќе бараат промена во животниот стил, како и нови инвестиции. Може да се жалите колку што сакате, но на крајот ќе направите место за новото. Бидете постојани.

РИБИ: По малку отсутни во умот, размислувате како да продолжите во иднина: дали е време да се вложите во љубовните врски или да партиципирате во некој проект. Она што е важно е да не останете закочени во место, предолго размислувајќи, туку храбро да зачекорите напред, па што и да се случи! Треба да се издигнете со сопствениот напор и сила.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]