Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако сакате да го остварите целосно својот креативен потенцијал и љубов, ќе треба да се соочите со своите силни емоции: вардете се од луѓето кои што прочитале една книга и можни конфликти во бизнис сферата. Страсни, моќни и продорни, не брзајте да се докажете, туку доволете делата да говорат за вас.

БИК: Партнерските и интимните врски се продлабочуваат и минуваат низ период на трансформација: сѐ што се случува сега е од огромна важност, со што доаѓате до безвременска мудрост. Покажете ја својата лојалност и истрајност, правејќи праведни решенија: слободни сте, бидејќи имате чиста совест. Нова бизнис идеја.

БЛИЗНАЦИ: Можеби се соочувате со некои ситни потешкотии или здравствени проблеми, но со вистински напор и диети ќе си помогнете: најдете време да прошетате и да уживате во активности кои ви претставуваат задоволство. Убав развој на професионален план и можност за нови договори, со кои што ќе постигнете мир.

РАК: Погледнете се во огледалото само за да откриете колку всушност сте силни: можеби некој ќе сака да ве истисне од главната слика, но добро е штом сфаќате дека не морате да ги трпите туѓите будалаштини. Сега сте во можност да создадете подобра верзија од себе и да се ослободите од потешкотиите.

ЛАВ: Ова е прекрасен ден со силна активност, особено на работен план, со што ќе си осигурате финансиски добивки: искористете ја оваа прекрасна енергија и најдете време да прославите. Многу врати ви се отворени сега и луѓето ве респектираат: постојани, чесни и талентирани, уживате во својата работа.

ДЕВИЦА: Можеби денес ќе сакате да се изолирате со цел да пронајдете нова инспирација и водство: вашите напори се забележани и небото ќе ви помогне, тогаш кога најмалку ќе се надевате! Бирајте што е приоритет и следете го внатрешниот глас. Ако треба, побарајте помош од некои авторитетни личности.

ВАГА: Иако ситуацијата е деликатна, ќе успеете да се соочите со мислите кои што ве мачат: одредете го изворот на својот проблем и не дозволувајте им на другите да носат решенија во ваше име. Бројте ги своите чекори и не брзајте, но најдете време за себе и за одмор: потребно е да се релаксирате, за да функционирате успешно.

СКОРПИЈА: Можеби сте по малку резервирани, но сепак ќе треба да работите на тоа да ги проширите своите хоризонти: не е доволно само да имате добри намери, туку и да делувате во таа насока. Оттука натаму нема назад: не двоумете се, бидејќи би можеле да доживеете неочекувани изненадувања. Спријателете се со самите себе.

СТРЕЛЕЦ: Бизнисот се одвива добро и покрај бавното темпо: ако сакате да постигнете повеќе, ќе треба да превземете нови одговорности. Тајна е дека се чувствувате по малку немирни, но сето тоа набрзо ќе мине: шалете се со саканите и бидете достоинствени. Ве штитат убави планетарни влијанија: побарајте помош и ќе ја добиете!

ЈАРЕЦ: Наидувате на блокади и сега не можете да мрднете ниту напред, ниту назад: сѐ е замрзнато во еден момент, како филмска сцена. Причините за ова лежат во надворешниот свет, затоа ќе треба да сте трпеливи и да почекате да минат самите од себе. Одличен ден за чистење, организирање и детоксикација. Диети.

ВОДОЛИЈА: Ако сакате да постигнете вистинска среќа и љубов со семејството, ќе треба да заборавите на минатото: во вашето срце гори една искра светлина, која што ви покажува како да ги минете овие тешки моменти на исчекување. Потребен ви е длабок сон, добра храна и физичка вежба, за да го коригирате метаболизмот.

РИБИ: Многу неочекувани причини за патување или движење низ градскиот сообраќај, по што ќе треба да најдете време и да се одморите: запрашајте се дали сте на вистинското место, во вистинското време и дали сте соодветно подготвени? Размислувате како да ги усовршите проектите за да им помогнете на блиските.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]