Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Практични и по малку конзервативни, работите во остварување на своите планови: сега повеќе сакате да напредувате постепено, отколку да брзате и да го користите темпото на кое што сте навикнати. Планирате, носите одлуки и се организирате сѐ до најситниот детал, за што ќе бидете праведно наградени.

БИК: Започнувате нова фаза, со која што ќе ги остварите своите повисоки идеали: довербата меѓу вас и саканите расте и сега сте силен тим кој што брзо доаѓа до резултати. Интимната врска се продлабочува и така постигнувате баланс: во секојдневието и финансискиот сектор. Бидете прагматични и флексибилни.

БЛИЗНАЦИ: Сакате да пресечете и да направите нагли, но важни промени, а сепак сте завртени кон минатото и затоа стоите во место: не губете го времето обидувајќи се да го смените она што не може да се смени, туку обрнете поголемо внимание на она што го имате: подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка!

РАК: Вашата љубопитност расте и размислувате за нови идеи, знаења или техники, во обид да постигнете поголема независност. Собирате нови информации и барате нови начини за соработка со другите: на тој начин ќе се ослободите од сенките од минатото и неразрешените финансиски прашања. Бидете трпеливи.

ЛАВ: Имате грст нови идеи, кои треба да се усовршат: не брзајте да покажете сѐ одеднаш, туку застанете за кратко, одморете се и земете здив. Потоа ќе успеете да стигнете на нова територија и да ја унапредите својата мисија, без оглед колку се нејасни надворешните услови: бидете пионер и калкулирајте добро!

ДЕВИЦА: Созревате во повеќе области: како пензиониран капетан кој што гледа како бродвите впловуваат и испловуваат од пристаништето. На дел од нив ќе им подигнете рака и ќе ги поканите да влезат во вашиот живот, а на другите ќе им речете Збогум и ќе се ослободите конечно! Тоа е одговор и успех во исто време.

ВАГА: Немојте да сте загрижени ако некој ве критикува: никогаш не бил изграден споменик во име на некој критичар. Вашите амбиции растат и подготвени сте да ги следите своите соништа. Сѐ што треба е да е се погрижите околу своето здравје, да внимавате на главата и да бидете добро облечени. Не брзајте.

СКОРПИЈА: Денес го откривате својот идентитет целосно: како жена која што го трга својот превез и ги покажува своите атрибути. Ќе бидете оценувани од страна на моќни поединци и сега чекорите на тенка линија помеѓу два света: пости надеж дека ќе успеете ако го најдете вистинскиот баланс. Нови работни ангажмани. Среќа.

СТРЕЛЕЦ: Не плашете се да појдете во остварување на своите желби: ова е прекрасен ден со многу радост и забава. Бидете директни и не плашете се. Ако некој сака да ве повреди, нема да може, бидејќи пријателите се тука да ви помогнат. Успевате да извојувате победа во легалните битки и можеби ќе појдете некаде на пат.

ЈАРЕЦ: Невини како дете, ги прешкртувате плановите кои што не можат да се исполнат и се подготвувате за нови потфати: успевате да ја регенерирате и вратите својата витална сила. Имате поддршка од некоја зрела и сочувствителна личност, која што е тука во секое време за вас. Најдете време и одморете се.

ВОДОЛИЈА: Ова е момент за вистина: ја откривате културната разлика помеѓу себе и соработниците, стоејќи голи пред важните докази. Можеби ви е потребна помош, која што ќе ја најдете ако го истражувате минатото и своите семејни врски: ве очекува динамичен период, во кој што неписмените диктираат.

РИБИ: Облечени како војска на парада, ја покажувате својата силна волја и индивидуалност, во обидот да завладеете со светот: можеби изгубивте битка, но не и војна. Не хранете се со нагон за освета, туку обидете се да постигнете баланс и мудрост. Тоа вашата интуиција ви говори дека имате длабоко знаење.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]