Хороскоп: Што велат ѕвездите за 1 мај


ОВЕН: Сегашната ситуација се менува и треба да знаете дека не можете да ја контролирате: ќе се навраќате на истите ситуации, сè додека не се сетите да го смените однесувањето и се разбудите. Добивате одговори на многу важни прашања, а најважно од сè е дали сте на вистинското време и на вистинското место? Трансформација.

БИК: Бидете среќни пријатели, ова е успешен период во кој што доаѓате до саканите награди: можеби чекавте повеќе од планираното, а најважно е дека вашите намери ќе ви се исплатат повеќекратно. Дружете се со семејството и направете нов работен план: така ќе ја трансформирате својата моќна енергија во нешто конкретно и опипливо. Ослободување.

БЛИЗНАЦИ: Иако темпото е бавно, сепак искористете го овој период за размислување: најдете време да ги чуете птиците како пеат и како се буди природата, фокусирајќи се на шансата да размислите за претходните искуства. Она што не ви одеше во прилог, ќе има поволен исход: практицирајте ги своите вештини и отворете се кон мистериите на животот.

РАК: Пред вас се повеќе избори: средба со едно друштво или со другото? Треба да поврзете две фундаментално различни сектори од животот, развивајќи идеи со кои што ќе го подобрите односите со луѓето. Почнете со тоа што ќе се менувате самите себе: соочете се со својата потемна страна и прашајте се кога е вистинското време за дејствување.

ЛАВ: Ова е период за градење нови партнерски врски: приватни или професионални. Доколку сте истоштени, најдете време за одмор и имајте слух за потребите на саканите: изострете ги своите сетила и прашајте се што сакаат тие да ви кажат. Избегнувајте критика, сарказам и злоба балансирајќи ги своите емоции. Најдете одговори во себе.

ДЕВИЦА: Можеби се соочувате со ограничувања, но и тие се начин на кој што ќе напредувате: ќе изнајдете метод да се соочите со работите што се повторуваат и ќе бидете инвентивни. За сега сето ова ви се чини невозможно, но верувајте повеќе и имајте трпение: коригирајте го сопственото однесување, без предрасуди! Финансиска поддршка.

ВАГА: Период во кој што треба да се посветите на семејството, пријателите и саканите: бидете лојални и менувајте го она што стагнира. Важни информации со кои што ќе знаете како да продолжите кон саканата цел: немојте да сте неодлучни, туку бидете будни за секоја пригода. Прашајте се дали сте премногу сензитивни, дури и кога нема потреба за тоа.

СКОРПИЈА: Разиграни, нежни и љубопитни, наоѓате време да се релаксирате. Ова е период кога ќе ги надминете тешкотиите преку медитација, размислувајќи за приоритетите и начин за нивна модулација. Премолчете некој збор и кажете го вистинскиот во право време: така ќе ги надминете сопствените сенки и ќе бидете задоволни. Одмор.

СТРЕЛЕЦ: Ова е период кога може да очекувате промени во последен момент: старите структури се рушат и плановите се менуваат. Доаѓате до радикална промена во животот, која што бара приспособување: разберете дека ова е период кој што ќе мине и повторно ќе ја вратите својата сила и моќ. Ништо не стои и сè се менува, па така и вие пријатели.

ЈАРЕЦ: Работите се менуваат: ако сакате да напредувате, ќе откриете дека не може да го сторите тоа на стариот начин. Нешто мора да жртвувате и да се здобиете со нова перспектива. Запрашајте се колку се препуштате на сопствените емоции и дали се однесувате доволно рационално: бидете сконцентрирани и ќе дојдете до вистинскиот одговор. Резон.

ВОДОЛИЈА: Моќни, агилни и непоколебливи: колку ги користите своите квалитети? Дали навистина водите со својот пример или избрзувате во правењето на заклучоци? Можеби ќе се перчите барајќи конфронтација, но не претерувајте уништувајќи ги доказите за својата некомпетентност. Заштитете го сопственото мало гнездо и својата работа. Без имитирање!

РИБИ: Добро господарете со себе и бидете воздржани: адаптирајте се кон околностите најдобро што можете надминувајќи ја агресивноста. Можеби ја губите способноста да верувате и да бидете непристрасни, но добро запрашајте се зошто е тоа така? Природата изобилува со богатство, а вие можете да сочувате само мал дел. Баланс.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]