Хорор во Нови Сад, син ја обезглавил сопствената мајка


Маж (47) е уапсен во близина на Нови Сад под сомнение дека ја убил својата мајка (77). Убиството се случило во новосадската населба Телеп.

 

Како што пишуваат медиумите од соседството, полициските службеници го пронашле обезглавеното тело на жената, а во близина и нејзиниот син, кој имал траги од крв на рацете.

На лице место веднаш излегол виш јавен обвинител кој води увид во полиција.

Неофицијално медиумите пишуваат дека постои сомнеж оти синот прво ја убил мајка си, а потоа и ја отсекол главата. 

Злосторството е откриено бидејќи ќерката на убиената телефонски ја алармирала новосадската полиција, пријавувајќи дека нејзиниот брат ја малтретира и тепа нејзината мајка.

Убиената е родена 1947 година, додека осомниченит за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.

На лице место се спроведува истрага, а присутен е и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.