Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море

Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море како дел од рутинските операции за надзор, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.
Групата се состоела од три воени и три цивилни бродови, а се движела од Средоземното Море кон руското пристаниште, пренесува Nltimes.
Бродот на холандската морнарица Јохан де Вит, како и еден хеликоптер, ги придружуваа руските бродови надвор од холандската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ).