Холандија се подготвува да ја преземе нуклеарката


Владата на Холандија е подготвена да започне разговори за купување на уделот на локалната власт во преостанатата нуклеарна централа, заклучувајќи дека таа треба да продолжи да работи. Техничката влада објави дека локалните власти во провинцијата Зеланд сакаат да ги продадат своите акции на државата.

Останатите 30 отсто се во сопственост на германската RWE, а владата е подготвена да го купи и тој удел доколку компанијата се спротивстави на планот за продолжување на работата на нуклеарната централа, се вели во владиното соопштение од вторникот.

Сè уште се формира нова десничарска влада
По повеќемесечниот ќор-сокак, лидерот на екстремната десница Герт Вилдерс во мај рече дека очекува новата десничарска коалициска влада да биде формирана до крајот на јуни, но дека преговорите за распределба на министерските позиции продолжуваат.

Новата коалиција минатиот месец објави дека има намера да го зголеми производството на нуклеарна енергија, како дел од плановите за намалување на зависноста на Холандија од „несигурните земји“. Не е јасно дали тие ја поддржуваат опцијата за откупување на уделот на локалните власти во нуклеарната централа, забележува Ројтерс.