Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема во Струга – дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад.
Како што информира МЖСПП, во оваа фаза од проектот, кој се спроведува со поддршка од Европската банка за обнова и развој, Општина Струга добива три камиони за собирање отпад со капацитет од 12 кубни метри, два камиони од 8 кубни метри и еден кипер камион, како и 8.204 канти и 132 контејнери. Дел од опремата е веќе доделена, додека останатата ќе биде испорачана до октомври 2026 година, со што значително се зајакнуваат капацитетите на јавното комунално претпријатие и се подобрува покриеноста со услуги во урбаните и руралните средини.
-Во рамки на посетата, министерот беше информиран и за напредокот на терен на другите инвестиции во Струга поддржани од Министерството-изградбата на нова водоводна мрежа во градот и колекторскиот систем Радожда–Калишта. Работата на оваа клучна инфраструктура, вклучително и денешниот почеток на изградбата на канализационен систем во село Враништа, се доказ за посветеноста на министерството кон почиста и поздрава животна средина за граѓаните од струшкиот регион, соопшти МЖСПП.