H&M ги отвори вратите на својата трета продавница во Скопје, во Скопје сити мол
Во четврток, 7-ми март, шведската модна компанија H&M го прослави отворањето на третата продавница во Скопје, во Skopje City Mall. Во 10 часот, Томас Естрани, менаџер за продажба, Јован Збилјиќ, регионален менаџер и Катерина Маринчевска, менаџер на новоотворената продавница, свечено ја пресекоа црвената лента и ги поздравија среќните први клиенти во новата продавница од 1.477 м².
На денешното отворање, се придружија амбасадорите на H&M и специјалните гости, додека Дј Еми Ермилова и Димиш ја одржаа енергијата на високо ниво со специјален диџеј сет. Најмладите посетители пак, се забавуваа со боење на лице и многу други забавни активности, како што се изработка на подароци за своите најблиски, изработка на хартиени рози, персонализирани картички и пораки во форма на срце. Првите 100 клиенти добија H&M ваучери во вредност од 650мкд, додека од 7 до 10 март купувачите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната куповина.
H&M влезе на пазарот во август 2022 година со отворањето на првата продавница во East Gate Mall и втората продавница во трговскиот центар Diamond Mall. Новата продавница на H&M во Skopje City Mall ќе нуди широк асортиман на актуелна мода и најнови сезонски трендови за целото семејство, повикувајќи ги клиентите да истражат и креираат свој личен стил со достапни и висококвалитетни модни делови за секојдневната облека.
Работното време на продавницата ќе биде од 10 часот наутро до 22 часот, додека во недела и празници продавницата ќе работи до 20 часот.