Хидратација на организмот: Безалкохолните коктели стануваат хит


Во долгите и топли летни денови треба да се знае дека одржувањето на правилната хидратација е есенцијална за човечкото здравје. Со прекумерното потење, се губи голем процент од водата која е складирана во телото и таа треба да се надомести бидејќи е важен дел од исхраната, а потоа со сокови, чаеви или друг вид течности.

Водата е важна за растворувањето на важните биохемиски реакции, снабдување со хранливите материи и отстранувањето на отпадот од телото. Потоа е од суштинско значење кога станува збор за одржување на циркулацијата, притисокот и е важен елемент при одржувањето на температурата на телото. Со големата физичка активност или, пак, вежбање, вашиот метаболизам и внатрешната температура се зголемуваат. Водата е задолжена да ја носи топлината подалеку од внатрешните органи ширејќи ги порите на кожата и така доаѓа до ладење и превенција од топлотен удар или во најтежок случај и смрт. Со потењето се задржува безбедна телесна температура, која дава оптимално функционирање и здравје.

Треба да се знае дека прекумерното дневно губење вода преку потење може да предизвика дисбаланс и затоа штом се почувствувате жедни, значи веќе сте изгубиле околу 1% од водата од телото, која треба да ја надоместите што поскоро. Водата може да се најде и во соковите, но и во овошјата и зеленчуците, млекото и билните чаеви, но сепак најдобар начин да ја задржите правилната хидратација во организмот е преку консумирањето чиста пивка вода. Оптимална доза во текот на денот е околу 2 литра, во поделени дози. Пијалаците што содржат кофеин причинуваат често уринирање и на тој начин доаѓа до дехидратација, која потоа доведува до анксиозност и нервоза. Затоа е добро овие пијалаци да се намалат или ограничат во текот на летото.

Спортските пијалаци може да помогнат доколку планирате да вежбате подолго или, пак, ако сте физички активни и изложени на сонце повеќе од еден час. Тие содржат јаглени хидрати и електролити кои телото ги губи при потењето или уринирање, а кои можат да ја зголемат вашата енергија. Внимавајте на големата доза на додаден шеќер или сода во овие пијалаци и читајте ги етикетите.

Улогата што ја вршат пијалаците во исхраната се од посебен значење за популацијата која се чувствителни на дехидратацијата, како што се децата, возрасните луѓе и оние личности што користат одредени видови медикаменти.

Доколку страдате од дехидратација или, пак, ви е тешко да ја одржите правилната хидратација, најдобро е со себе да имате шише со вода во текот на денот. Кога сте во можност, користете ја и водата од чешма и избегнувајте алкохолни и кофеински пијалаци. Ако, пак, не го поднесувате вкусот на истечната вода, можете да додадете малку лимонов сок и така полесно ќе се освежите и ќе бидете хидрирани. Добро е да пиете вода еден час пред и по вежбањето. Понекогаш чувството за глад се меша со чувството за жед, па штом се почувствувате гладни, напијте се една чаша вода и откријте што навистина се случува. На тој начин ќе почнете да губите тежина природно и ќе се чувствувате сити. Доколку, пак, заборавате да се напиете вода, дајте си план по кој ќе го правите тоа: пред оброците или еден час по оброците и така ќе се чувствувате здраво и ќе имате енергија во текот на денот.

Доколку ги почувствувате следниве симптоми: темна урина, конфузија, поспаност, сува уста, дезориентираност или умор – не чекајте, туку активирајте се и пијте поголеми количини вода. Како што стареете, мозокот ја губи функцијата да ја забележи дехидратацијата, затоа постарите лица се склони на овој ризик и треба свесно да ја надоместат изгубената вода од телото. Пиењето течности е круцијално за одржување на здравјето и одржување на работата на сите органи во телото, вклучувајќи ги срцето, мозокот и мускулите, а водата е најдобра за да останете хидрирани. Сетете се дека ова не важи само за атлетите, туку за секој човек што е изложен на топлина, а особено ако има некоја здравствена состојба и е над 50 години. Ова важи и за оние што патуваат, особено во текот на летото.

Направете моктеил на лесен начин

Изразот моктеил означува безалкохолен пијалак од овошни сокови, сервиран во коктел стил. Ова се весели пијалаци, кои се популарни во многу барови и ресторани, а се мешавина од неколку видови сок, сирупи, сода, билки и многу мраз. Особено се добри за оние што не пијат алкохол и се идеални за жешките летни денови и ноќи, најмногу за одржување на правилната хидратација и освежување.

Моктеил со боровница и ѓумбир

Најлесен начин да се направи овој освежителен пијалак е да земете сок од боровинки, потоа неколку бобинки боровинки за декорација, газирана вода или пак, пијалак кој веќе содржи сода и лимон и на сето тоа да додадете свежо рендан ѓумбир и многу мраз. Оние што избегнуваат содирани пијалаци, може да го направат истото користејќи обична вода.

Ладен чај од хибискус и јагоди

За овој моктеил ви се потребни изладен чај од хибискус, неколку сечкани јагоди, жолт шеќер според желба, обична вода и многу мраз. За декорација и подобар вкус, може да ставите и свеж лист нане, кој ја подобрува дигестијата и освежува со својот вкус на мента.

Моктеил со црвен цитрон и рузмарин

За овој рецепт ви се потребни свежо исцеден сок од црвен цитрон, обична вода и малку свеж рузмарин. Во сокот додавате многу мраз и жолт шеќер според желба, а за декорација го додавате и рузмаринот, кој ја подобрува циркулацијата. Пробајте, освежете се и покажете ја својата насмевка ширејќи ги образите од уво до уво! (И.Т.)