Хекуран Дика победи во Дебар


Според првичните резултати што половина час по полноќ ги објави Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран Дука, од ДУИ, подржан од СДСМ и коалцијата.

За Дука гласале 4.284 или 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, подржан од ВМРО-ДПМНЕ гласале 4.148 или 48,11 отсто.