Хаос во училиште во Германија: Вооружени полицајци влегоа во зградата, учениците со часови затворени во училниците 


Училишниот центар во Либек од засега непознати причини е во состојба на готовност, а во училиштето влегла тешко вооружена полиција.

„Полицијата сега влезе во зградата и го пребарува големиот училишен комплекс“, пишува германски Билд.

Како што пишува овој весник, на терен се и единиците на специјалните сили.

Учениците веќе четири часа се забарикадирани во училниците, што им било наредено кога почнал алармот.

„Во моментов во училишниот центар во Либек е во тек голема полициска акција. Ова е реакција на заканата“, изјавил портпаролот на полицијата, пренесува НДР.

Полицијата сѐ уште не објавила информации што го предизвикало алармот во училиштето Емил-Посел, но ситуацијата се сфаќа многу сериозно, пишува Билд.

„Во моментов е во сила полициска операција во училишниот центар зад мене. Во училиштето има полициски сили. Заднината е дека утринава имаше пријави кои укажуваат на закана. Според тоа, ние сме тука во голем број. Сѐ е блокирано наоколу училишниот центар и се врши проверка на просториите“, вели германски полицаец во видеото објавено на мрежата Х.