Хаос во Париз: Пукање на железничка станица, евакуација на патниците во тек (видео)


Попладнево, француската полиција спроведе операција на железничката станица „Монпарнас“ во центарот на Париз поради пукање, а евакуацијата на патниците е во тек, според сведоци.

Станицата во моментов е затворена, а причините за операцијата сè уште не се официјално објавени, објавува Ројтерс.

Францускиот портал Actu објави дека имало пукање на станицата „Монпарнас“ во 15-от арондисман.

Еден маж бил погоден од најмалку два куршума, според неофицијални информации. Воспоставен е безбедносен периметар, а на местото на настанот пристигнува и амбулантно возило.

Според француските медиуми, едно лице во возот од Рено било погодено од полициски оган. Операцијата предизвикала застој во железничкиот сообраќај.