Хаос во Комисијата за образование, ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата
На седницата на Комисијата треба да се расправа за законските измени со кои 27.000 наставници ќе добијат повисоки плати
Во Собранието станува сѐ понапнато. Денеска имаше сцени на хаос во Комисијата за образоавание и наука, кои за малку не прераснаа во насилство.
Од СДСМ соопштуваат дека на седницата кулминирала „деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да почне расправата за овие измени, а не пак тие да бидат донесени.
Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПНМЕ.
Со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување.
Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокираше и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието.
Ете колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за наставниците, денеска на виделина уште еднаш излезе нивното лицемерие, нивната насилничка матрица и деструктивно дејствување“, вели СДСМ.