Хан: Во јуни ќе се обидам да го одблокирам дијалогот Белград-Приштина


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави денеска дека во јуни ќе се обиде да го одблокира дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Веќе во јуни уште еднаш ќе се обидам да ја одблокирам таа ситуација, така што ќе комунициран со обете страни за евентуално нешто да подготвиме за јули, изјави Хан. Тој дополни дека не може да тврди дека ќе успее во тоа, но потенцира дека во секој случај треба да се искористат сите можности и оти ќе даде се од себе за дијалогот да се одблокира.

– Актуелната ситуација не само што нанесува штета на двете страни, туку и на целиот регион, истакна Хан.