Хамилтон не е премногу задоволен од подобрувањата на Ферари

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон не беше премногу задоволен од големите подобрувања што тимот на Ферари ги воведе на почетокот од викендот на Гран При на Австрија во Формула 1.
На патеката Ред Бул Ринг, Скудерија има нов под и нов дифузер, кои требаше да го подобрат притисокот на СФ-25. Сепак, по тренингот во петокот, Хамилтон рече дека, според него, овие нови делови не го подобриле значително однесувањето на неговиот болид. Во вчерашните две сесии, Британецот постави деветто и десетто време, откако изгуби време на првиот тренинг поради проблеми со менувачот.
„Вложивме многу труд за да го добиеме новиот под, но како што можете да видите, нашата конкурентност не се промени. Чувството на болидот не е толку лошо, само немаме брзина, па треба да видиме што се случува, тоа е тоа.
-Ќе продолжиме да притискаме и да го „сетираме“ болидот за да видиме што можеме да добиеме од него. Во првите 10 разликите се многу мали и секоја десетина прави голема разлика, па ќе работиме на тоа. Имав и проблем со менувачот, што беше тешко и фрустрирачки за сите. Момците направија добра работа во решавање на проблемот, но јас не можев да возам долги возења, само еден или два круга. Мислам дека сепак успеавме да компензираме. Тие направија одлична работа со промената на менувачот пред вториот тренинг, каде што Шарл беше шест десетинки зад лидерот (Ландо Норис), па затоа не е идеално. Но, имаме многу да научиме. Претпоставувам дека ќе направиме промени и се надевам дека ќе се приближиме до челото, но нема да бидеме таму, рече Хамилтон.