Хајди Клум ги ставила градите во преден план, сè друго паѓа во вода: Жешка атмосфера на Хајдифест (ФОТО)

Се чини дека и овој пат, зачудувачката германка ги освои симпатиите на јавноста, а нејзините фотографии веднаш се проширија низ интернет.
Октоберфест е во тек, место за добра забава и многу пиво. Хајди Клум не ја пропушти можноста да ги покаже своите атрибути во традиционална баварска носија, а нејзините фотографии станаа вистинска сензација на интернет.
Прекрасната германка гордо носеше црвен дирндл за нејзината забава „Хајдифест“, кој ги истакна нејзините раскошни гради.
Таа додаде венец од црвени рози во својот стајлинг, а за да го заокружи својот „црвен“ изглед, се одлучи за драматична шминка и, секако, црвен кармин.
Според медиумските извештаи, целото семејство, како и блиски пријатели, се собрале за овој настан, а познатата манекенка од 90-тите повторно уживала во добра забава и музика.
View this post on Instagram