Гутереш: Предизвиците на денешницата бараат мултилатерален свет
Србија – Во соочувањето со предизвиците на денешницата, потребен ни е мултилатерален свет со силни мултилатерални институции, како и универзално почитување на меѓународното право, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој преку видео линк се обрати на отворањето на 41-то Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ).
– На овој начин ќе изградиме просперитетен и одржлив свет каде никој нема да биде изоставен. Сметам на вашата постојана поддршка, изјави Гутереш.
Тој го поздрави фокусот на пратениците на меѓународното право, универзалната покриеност со здравствена заштита, вонредните ситуации предизвикани од климатските промени и целите на одржлив развој.
– Како поранешен пратеник знам дека вашиот придонес како претставниците на граѓаните е од суштинско значење за побрз заеднички напредок, истакна Гутереш.