Гутереш му ја честиташе изборната победа на Бајден
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, денеска им ја честиташе победата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, соопшти претставникот на ОН Стефан Диџарик и ги опиша односите меѓу Светската организација и САД како „столб на глобалната соработка“.
Според Диџарик, генералниот секретар на ООН ја потврдил важноста на партнерството меѓу САД и ООН во решавањето на драматичните предизвици со кои се соочува човештвото денес.
За време на мандатот на Доналд Трамп, САД се повлече од членството во УНХРЦ, Светската здравствена организација и УНСКО, како и Парискиот договор за климата и иранскиот нуклеарен договор. Администрацијата на Трамп го суспендираше финансирањето на агенцијата на ООН која обезбедува поддршка за палестинските бегалци (УНРВА) и Фондот за население при ООН.
Бајден вети дека ќе ги врати САД во Парискиот договор за климата и Иранскиот нуклеарен договор, кои беа потпишани за време на мандатот на Барак Обама, но го услови враќањето во Иранскиот нуклеарен договор со подготвеноста на Техеран да се придржува до договорот.
По повод доаѓањето на Камала Харис на функцијата потпретседателка на САД како прва жена и Афроамериканка на таа позиција, Диџарик рече дека е секогаш „задоволен кога жените лидери ги пробиваат социјалните бариери“.