Гучи мокасините на Италија поважни од животите на Украинците

Украинските медиуми пишуваат дека за 36 часа од војната убиле 2.800 руски војници, уништиле 80 тенкови, 516 воени возила и урнале 10 борбени авиони. Иако бројките се земаат со резерва, и да се приближно точни тие се големи, бидејќи САД за две години војна во Ирак загубиле 4.431 војник.
И покрај ваквите напори на Украинците, светот и натаму гледа и дава „силни“ изјави за поддршка.
-Ова е моја порака акo некои европски лидери кои сè уште се двоумат: Секоја година на комеморативните настани велите „Никогаш повеќе“. Сега е време тоа да се докаже. Русија води ужасна агресивна војна во Европа. Еве го вашиот тест „никогаш повеќе“: Отстранете ја Русија од СВИФТ и исфрлете ја од секаде“, порала украинскиот шеф на дипломатијата Кулеба.
Украинските медиуми претходно објавија каква „жртва“ прават Европјаните за Украина, откако италијанскиот премиер Марио Драги успешно си обезбедил исклучок од санкциите за италијанските луксузни стоки , а со Германија ја блокираат одлуката за СВИФТ за да не претрпат и тие некаква штета.
„Очигледно продажбата на мокасини од Гучи на олигарсите е поголем приоритет отколку да му се возврати на Путин“, беше еден од коментарите на објавата на Твитер.