Груевски не признава дека запленетиот имот е негов


Преку  Фејсбук, екс премиерот и бегалец Никола Груевски реагираше на објавите дека Јавното обвинителство запленило земјиште на Водно и два стана кои се негови.

– Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле, па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”. Уште еднаш повторувам дека немам купено ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат. Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта, со цел моја дискредитација и натамошно малтретирање, има извршено тешки уцени, жестоки притисоци, некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување на бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот, пишува Груевски.