Гркинки уапсени во Аеродром поради кражба во трговски центар
Лишени од слобода две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачјето на општина Аеродром.
Како што информираат од МВР, вчера (15.02.2026) во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.